Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците ги повикаа жените здравствени работници да се вратат на своите работни места

0
By НОВА ТВ on August 28, 2021 СВЕТ
Фото: rte.ie
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 28, 2021 11:16

Две недели по враќањето на власт во Авганистан, тврдокорните исламистички талибанци ги повикаа сите жени вработени во јавниот здравствен сектор да се вратат на работа, јави ДПА.

Министерството за здравство ги упатува женските здравствени работници во главниот град Кабул и провинциите да се вратат на своите работни места, објави синоќа на Твитер талибанскиот портпарол Сабиула Муџахид.

Ултраконзервативните Талибанци се обврзаа дека ќе ги почитуваат правата на жените во рамките на толкувањето на исламот, но останува нејасно како жените и девојчињата ќе поминат под контрола на милитантите.

Во голема мера не е јасно дали жените во Авганистан ќе можат да продолжат да ги извршуваат своите професии. Имаше само конкретни изјави за поддршка на жените во здравствениот и образовниот сектор.

Неодамна имаше извештаи од северот на земјата дека на акушерките, на пример, повеќе не им е дозволено да присуствуваат на состаноци со машки лекари, потсетува ДПА.

За време на владеењето на Талибанците од 1996 до 2001 година, на жените не им беше дозволено да ги лекуваат машки лекари, што сериозно го ограничи нивниот пристап до здравствена заштита.

На прес-конференција оваа недела, портпаролот на Талибанците, Сабиула Муџахид, рече дека жените кои работат треба да останат дома додека не се воспостават нови правила. Нивните плати сепак ќе им бидат исплатени, рече тој.

Не беше јасно дали зборува само за државни службеници или и за приватни компании. Новинарките кои известуваа од терен, рекоа дека талибанските борци им кажале да си одат дома.

Авганистан Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.