Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија од 6 септември го воведува принципот вакциниран/тестиран/прележан за влез во земјата

0
By Sashko on August 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 14:42

Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по анализа на состојбата со ковид-19, донесе одлука за воведување на нови ограничувачки мерки за влез во земјата, а го зголеми и времетрањето на полицискиот час, кои стапуваат во сила од први, односно шести септември.

Почнувајќи од 1 септември, полициски час ќе трае од 23 до 6 часот, додека од 6 септември, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да минале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето, информираше Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Таа додаде дека овие правила важат и за сите оние кои транзитираат низ Албанија, додека децата до шестгодишна возраст не подлежат на овие правила.

Албанските државјани кои постојано живеат во Албанија а кои се враќаат од престој во друга земја и немаат еден од горенаведените документи, мора да се изолираат 10 дена и да го известат здравствениот орган да изврши тестирање на крајот од периодот на изолација. По проценката на граѓанската одговорност за заштита на јавното здравје одлучивме да препорачаме воспоставување задолжителна вакцинација за групите кои се најзагрозени и особено од ширењето на инфекцијата, почнувајќи од медицински персонал, просветни работници и студенти, додаде таа.

Според неа очекуваат во септември кој е отворен месец за вакцинација оваа категорија граѓани да се имунизираат и до 30 септември да го достават сертификатот во нивниот колектив а за студентите во канцелариите определени од високото образование копија од картичката за вакцинација издадена од е-Албанија.

По овој датум, за ониекои тоа нема да го направат, ќе биде потребно периодично тестирање на ПЦР за да се потврди инфективноста. Казната за периодично поднесување на ПЦР ќе започне по 30 -ти септември. Наредбата за употреба на маски во затворени простории, во трговски центри, супермаркети, продавници, јавен превоз и на сите оние места каде што не е обезбедено физичко дистанцирање останува во сила, псочи Ракацоли.

Во сите случаи кога не се почитуваат препорачаните мерки, ќе следуваат и казни. Така, за неносење маска во препорачаните простории следува парична казна во износ од 3.000 леки( 25 евра), доколку лицето е затекнато првпат, доколку пак непочитувањето е повторено казната е пет илјади леки.

Во случај бизнисите да не ги имплементираат протоколите препорачани од Институтот за јавно здравје, казните се од 100.000-700.000 леки (од 820 до 5.700 евра).

Албанија Ковид-19 мерки регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.