НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје почнува меѓународна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид”

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На првиот панел насловен „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст”, најавени се обраќања на Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Северна Македонија, Ендру Вајт од Окфорд универзитетот, заменик претседателот на Влада, Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Мајлинда Брегу, генерален секретар на РСС, како и Хаолианг Ху од УНДП.

Во Скопје денеска и утре ќе дебатираат претставници на меѓународните  финансиски институции, на бизнис-секторот, како и на извршната и на локалната власт од земјава и од регионот за економското заздравување и растот по Ковид кризата.

На Првата годишна конференција, во организација на Министерството за финансии, ќе се споделат искуства и разменат идеи за глобалните и регионалните перспективи за постпандемиското закрепнување на економијата.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии, Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат три панели. На панелите ќе бидат презентирани видувања за тоа како можат политиките најдобро да го поддржат растот, кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува, кои фискални и монетарни мерки му помогнаа на бизнисот и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.

На првиот панел насловен „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст”, најавени се обраќања на Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Северна Македонија, Ендру Вајт од Окфорд универзитетот, заменик претседателот на Влада, Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Мајлинда Брегу, генерален секретар на РСС, како и Хаолианг Ху од УНДП.

На вториот панел „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија”, ќе се обратат министерот за финансии Фатмир Бесими, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Денај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, регионалниот директор на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, Алфред Камер од ММФ и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, Тимчо Муцунски.

На третиот панел планиран за денеска најавено е обраќање на министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски, како и на евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј и Барбара Колм, заменик претседател на Австриската Централна Банка.

Утре, на вториот ден, конференцијата ќе биде посветена на јавните и приватните инвестиции, на зелената економија, човечкиот капитал и инклузивниот развој. Воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

И утре ќе се одржат три панел дискусии. Првиот панел е посветен на јавните приватни инвестиции и конкурентноста, а говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринг, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа.

На вториот панел насловен „Паметен и зелен раст на економијата” ќе се обратат еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конференцијата ќе се заокружи со панел посветен на човечкиот капитал кој е клучен за развој и раст на економијата. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Говорници ќе бидат Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Заклучоците од конференцијата ќе ги презентира министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, и државниот секретар во Министерството за финансии, Јелена Таст.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција произлегува од заложбата за Министерството за финансии за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери. Се очекува конференцијата да ги постави темелите и во иднина таа да прерасне во традиција и да има силно влијание во регионот и Европа.

„Економско заздравување и раст по Ковид” меѓународната конференција почнува Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.