По пристигнувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел, во Тирана, пред средбата со албанскиот премиер, Еди Рама, придружбата едвај ја отвори вратата од автомобилот.
Меркел излезе од автомобилот и го поздрави Рама со тупаница, бидејќи ковид мерките се во сила, а албанскиот премиер, кој прво ѝ пружи рака, ѝ отпоздрави, како што може да се види на снимката.
Албанскиот премиер ја пречека Меркел во Тирана со највисоки државни почести.
Германската канцеларка, во рамките на својата проштална посета, во Албанија ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан, меѓу кои и со премиерот Зоран Заев.