НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Починатата 25 годишна девојка од ковид-19 не била вакцинирана, а била лице со церебрална парализа

0
By НОВА ТВ Balaban on September 15, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од епидемиолошката анкета нема детали каде девојката се заразила, дали веќе лекарите утврдиле и кластер на луѓе од веселба или од некој друг настан.На Универзитетската Клиника за неврологија велат дека пациентите со церебрална парализа и со други хронични заболуавња имаат поголем ризик од компликации при инфекција со ковид-19

25-годишна девојка од Демир Капија е една од последните најмлади жртви на  ковид-19 во земјава, а меѓу 30те починати кои вчера влегоа во црната статистика, е и скопјанка на 43-годишна возраст, која исто така, фатално  завршила од компликации од коронавирусот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје на РСМ, во Демир Капија досега се регистрирани 406 заболени и 12 починати од коронавирусот.

Девојката (25) која завчера починала од компликации од ковид-19 била лице со церебрална парализа и не била вакцинирана. Од епидемиолошката анкета нема детали каде девојката се заразила, дали веќе лекарите утврдиле и кластер на луѓе од веселба или некој друг настан.

На Универзитетската Клиника за неврологија велат дека пациентите со церебрална парализа и со други хронични заболуавња имаат поголем ризик од компликации при инфекција со ковид-19.

– И пациентите со церебрална парализа, како и со други хронични заболувања,  се во ризична група и за нив треба задолжителна вакцинација против ковид-19. Овие пациенти често имаат и епилепсија, парализа…Бидејќи тие се и тешко подвижни, односно најчесто се во инвалидска количка, па и белите дробови кај овие пациенти не им се вентилираат добро, што исто така е ризик-фактор – вели д-р Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија.

Оваа установа од пред две недели е повторно ковид центар.

– На Клиниката сега се хоспитализирани 29 пациенти заболени од ковид-19 кои се со средно тешка клиничка слика. Многу е важно за сите, а особено за лицата со хронични заболувања, да се вакцинираат против коронавирусот и да ги почитуваат мерките на заштита – носење маска, држење дистанца. Исто така, пациентите кои ќе заболат од ковид-19 да не чекаат да им се искомпликува здравствената состојба, па потоа да се јават на преглед кај матичниот лекар или во ковид центар – нагласува д-р Барбов.

(Љ.Б.)

 

вакцинирана девојка Демир Капија Иван Барбов Клиниката за неврологија церебрална парализа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.