Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Осудуваме насилството и политичката злоупотреба на трагедијата од страна на опозицијата

0
By НОВА ТВ on September 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 17:55

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на денешниот протестен марш во Тетово.

– Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори, соопштија од партијата.

ДУИ ги повика политичките опоненти да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.

– ДУИ исто така го осудува вербалното родово насилство и бруталните пароли што беа користени од страна на организаторите. Демократската Унија за Интеграција, ја осудува и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права.

ДУИ во соопштението наведува дека домашните истражни органи заедно со германските експерти веќе ја извршуваат нивната истражувачка работа, со цел што е можно поскоро да се разјаснат причините што довеле до трагедијата.

– Демократската Унија за Интеграција уште еднаш изразува искрено сочувство до семејствата и ги повикува политичките партии да не ја злоупотребуваат нивната болка, се наведува во соопштението на ДУИ.

Остра реакција испратија и од форумот на жени на ДУИ.

– Форумот на жени на ДУИ проценува дека навредливите зборови на некои демонстранти кон градоначалничката г -ѓа Теута Арифи, ја навредуваат секоја жена што се занимава со политика и ова не е добро за демократијата на една земја. Изразуваме искрено сочувство до семејствата и бараме од политичките партии да не ја злоупотребуваат нивната болка, се наведува во соопштението на Форумот на жени на ДУИ.

ДУИ протести реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.