Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа (ПССЕ).
По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла, стои во соопштението на Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Како што соопштија од СЕП, пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го презентира напредокот на Северна Македонија во исполнувањето на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.