Градежниот институт „Македонија“ и Макстил АД Скопје денеска ќе го презентираат проектот „Синдерела“ за циркуларна економија и искористување на отпадот како ресурс.
„Синдерела“ е комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран врз можностите за намалување на урбаниот отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија.
Во овој проект индустрискиот отпад-троска добиен од печките за топење на отпадно железо, станува квалитетен градежен материјал кој се искористи за асфалтирање и изградба на преградни блокови.