Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцинациите во Азија ги надминуваат оние во САД-нискиот процент на имунизација во Африка е ризик за целиот свет

0
By Mirjana on October 1, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Foto: CNN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 1, 2021 00:06

Во раните месеци на пандемијата, азиско-пацифичкиот регион беше пофален за тоа како одговори на пандемијата. Земјите го држеа коронавирусот под контрола со носење маски, тестирање и држење затворени граници.

Варијантата Делта го смени тоа. Како што САД и ЕУ ги зајакнаа кампањите за вакцинација, Азија се бореше со инфекции и недостаток на вакцини.

Сега, многу земји таму се на пат да ги надминат САД во целосно вакцинирање на нивното население, пишува Си-Ен-Ен.

Некои веќе го направија тоа. Јужна Кореја, Јапонија и Малезија администрираа повеќе дози на 100 луѓе отколку САД, темпо што изгледаше незамисливо во пролетта.

Вакцините помогнаа повеќето Јужнокорејци да не бидат во болница. Меѓу целосно вакцинираните луѓе кои заболеле од „Ковид“, околу 0,6 проценти имале тешки заболувања и околу 0,1 проценти починале, според Агенцијата за контрола и превенција на болести во земјата.

Во Јапонија, сериозните случаи се намалија за половина во текот на минатиот месец, на нешто повеќе од 1.000 дневно. Хоспитализациите паднаа од највисокото ниво од нешто повеќе од 230,000 на крајот на август на околу 31,000 во вторникот.

Вакцините не го „поделија“ народот во азиско-пацифичкиот регион. Движењата против нив беа релативно мали, без помпезни медиумски вести, групи за застапување и политичари што можат да ги влошат дезинформациите.

Генерално, повеќето Азијци ги ставија потребите на заедницата над нивните индивидуални слободи. Тие, исто така, им веруваат на своите влади, иако многу од тие влади исто така користеа стимулации, како што се укинување на ограничувањата за целосно вакцинирани.

Во посиромашните нации, како Индонезија и Филипините, многу луѓе сметаа дека немаат друг избор освен да се вакцинираат. Стравот од немири во земјите кои немаат мрежи за социјална заштита, од своја страна, ги мотивираше лидерите брзо да понудат вакцини.

Но, не е се добра вест. Во Југоисточна Азија, кампањите беа бавни и несразмерни и ги намалија економските перспективи. А тие ризици остануваат и понатаму. Повеќето од земјите не произведуваат сопствени вакцини, и тие веќе би можеле да се соочат со проблеми во снабдувањето, доколку нивните влади одобрат трета доза.

Вакцинациите заостануваат во Африка

Само девет африкански земји ја постигнаа целта за вакцинирање на 10 проценти од своето население против „Ковид-19“ до крајот на септември-статистика што илустрира колку многу континентот заостанува зад глобалните стапки на имунизација.

СЗО, постави репер оваа година како дел од притисокот, земјите да вакцинираат најмалку 40 проценти од нивното население до крајот на годината. Досега, само 4 проценти од населението во Африка е целосно вакцинирано, а понапредните економии на континентот ги надминаа своите посиромашни соседи.

-Главното прашање е дека богатите земји едноставно не донираа за Ковакс, иницијатива за споделување на вакцини, на начин како што рекоа дека ќе го направат. Главно затоа што сакаа да им дадат приоритет на своите популации“.

Ситуацијата со вирусот на континентот често се занемарува бидејќи пријавената стапка на инфекција во моментов е ниска. Досега, имало околу 6 милиони случаи низ целиот континент, според СЗО. Но, тоа и го зголемува проблемот. Голема популација без имунитет – стекнат со вакцина или инфекција, нуди повеќе можности вирусот да мутира при поголем опсег на инфицирани.

„И овие нови варијанти можат да бидат многу заразни, како што видовме со варијантата Делта“. Штом се појави нов сој, тогаш се чини како да почнуваме од нула“.

 

 

 

Азија вакцинација САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.