НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Зеленатa агенда ќе го факторизира повеќе гласот на Албанците во Велес

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската унија за интеграција денеска во Бузалково во општина Велес  ја продолжи презентацијата на изборната програма, a беше презентaнa и листата на кандидати за советници за општина Велес, предводена од Невзат Муареми.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети ја истакна големата поддршка за Албанците од Велес и
посветеноста да се продолжи патот на развојот на нивниот живот и нивната
факторизација преку имплементацијата на зелената агенда.

„Во овие дваесет години инвестиравме во кадри, инвестиравме за да не се
поделат Албанците, инвестиравме и едуциравме кадар за да се занимава со
работа, програми и проекти, со идеи и визии, а не со пцовки и навреди.
Срамно е за нас да навредуваме или да ги клеветиме другите, и ние
никогаш нема да го сториме тоа, и покрај тоа што ова го прават другите,
но ние се надминавме себеси затоа што ги ставивме интересите на нацијата
над се друго. Сега излеговме со зелената агенда затоа што сметаме дека нормативниот дел од Охридскиот Договор е завршен, останува да се материјализираат прашањата, како што е законот за албанскиот јазик кој е официјален јазик, но има простор за негово унапредување и за тоа веќе се воспоставени релевантни институции и тие мора да бидат одговорни за имплементацијата на јазикот,  рече Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби,  рече:

„Кога ние сме носители на одлуки, одлучуваме добро не само за
Албанците, одлучуваме добро за сите. Кога станавме одлучувачи, ја
однесовме земјата во НАТО, кога станавме одлучувачи донесовме јазична
еднаквост, кога станавме одлучувачи, сите победија од фактот дека ДУИ
стана одлучувач кој ќе биде во централната власт, а кој во локалната
власт. Затоа, јас сум убеден дека сите вие заедно, со сите оние што не
се овде денес со нас, ќе гласате за Невзат и ќе испратите советник
Албанец до Советот на општина Велес, со цел да ги води процесите за ваше
добро. Ќе продолжиме многу повеќе да го факторизираме Албанецот во
Велес, да се врати во корените, да гласа за Демократската Унија за
Интеграција и да станеме покорисни за себе “,  рече Груби.

Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи кампањата во
Студеничани каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник, Ејуп Абази
и листата на советници за оваа општина.

Али Ахмети Бузалково Велес ДУИ изборната програма Невзат Муареми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.