НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ние веруваме во народот, а тие во тендери

0
By НОВА ТВ on October 8, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ својата изборна кампања „Создади нова иднина“ ја претстави во скопските општини Бутел, Аеродром и Гази Баба.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Гази Баба пред граѓаните порача дека локалните избори се борба, за како што рече, против корумпираниот систем. Тој пред граѓаните порача дека тој верува во Македонија и нејзиниот народ, за разлика од СДСМ и Зоран Заев, кои според Мицкоски, веруваат во тендери, моќ и пари.

– Ова е борба на идејата во која веруваме и која ја сонуваме, наспроти уривањето на вредностите и кршење на принципите. Тие веруваат во тендери, јас верувам во Македонија и нејзиниот народ. Тие се политиката за моќ и пари, јас сум за да создаваме иднина за сите генерации. Има разлика. Различни сме во моралот, во делата, историјата, и во намерите, истакна Мицкоски.

Кандидатот за градоначалник на Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ за Гази Баба, Бобан Стефковски пред граѓаните вети дека во наредните четири години ќе делуваат интензивно во сите области, а фокусот ќе биде насочен кон економијата на локално ниво и обезбедување на работни места.

– Ќе се насочиме кон значителна модернизација на локалната инфраструктура. Ќе го подобриме образованието и ќе ги унапредиме условите за спорт и рекреација. Екологијата е исто така врвен приоритет, а секако програмата предвидува и проекти за унапредување на здравствената и социјалната заштита, како и за развој на културата и туризмот, рече Стефковски.

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО – ДПМНЕ од Гази Баба вети дека скопјани нема повеќе да живеат во супстандардни услови, да пешачат со километри за јавен превоз или да пливаат по улиците кои се без асфалт, во Скопје мора да се врати надежта дека ако се сака може да се реализираат ветените проекти.

– Ќе бидам личноста која ќе им помага на скопјани и ќе докаже дека е возможно градот да се грижи за нив, за скопјани и граѓаните на Гази Баба ќе видите дека е возможно некој да се грижи за вас, а градот ќе биде достапен за сите, нема повеќе ароганција, ниту безобразни политичари кои не реализираа ништо, рече Арсовска.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на митинг пред аеродромци рече дека време е за промени. Тој вети проекти, како што се четири нови градинки, со нула денари трошок за родителите, ново кино, театар, читална, забавен парк, 100.000 квадрати зелена површина, современа, модерна и урбана општина пример за сите, со грижа за сите граѓани, како директна словенска помош за пристап до европските фондови.

– Јас искрено верувам дека со заеднички сили ќе успееме да го направиме Аеродром многу почиста, современо организирана и модерна урбана општина, но и хумана животна средина, во која ќе биде возможно сите жители на целосно рамноправна основа да ги остварат своите права и да обезбедат за себе и нивните семејства достоинствен, пристоен и просперитетен живот, рече Муцунски.

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, во Бутел, кандидатот за градоначалник за општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека Бутел ќе биде безбедна општина, како и гарантираше две нови индустриски зони, два паркови, нова полициска станица и противпожарен пункт и Олимписки спортски центар за нови шампиони.

– Ќе се обидам за општина Бутел да се слушне во целиот регион, како една мала општина во Македонија, напредува брзо, енергично и истата да стане пример за сите останати, посочи Костовски.

ВМРО-ДПМНЕ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.