НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ноќниот живот во Грција се враќа во нормала, но само за вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови во Грција, кои примаат само вакцинирани или лица кои прележале Ковид-19, како и кината и театрите, кои ќе ја одберат оваа опција, од денеска работат регуларно, односно се укинуваат сите досегашни ограничувања.

Паралелно, во земјата нема повеќе да се воведуваат рестрикции на локално ниво, во црвените зони со влошена епидемиолошка состојба, како што беше случај досега, кога во одредени региони имаше полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден.

Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а новите одлуки на грчката Влада, стапуваат во сила во сабота и ќе се ажурираат секои 15 дена.

Согласно новата министерска одлука на грчката Влада, што од денеска стапува во сила, внатрешните простори на угостителските објекти, како и ноќните клубови, баровите, дискотеките и сл, без разлика дали се на отворено или затворено, кои се водат како „чисти простори“ и влез е дозволен само за вакцинирани лица или лица кои прележале Ковид-19, ќе работат со 100 проценти исполнетост, без никакви ограничувања и во однос на музиката или во однос на тоа дали гостите мора да седат на маса или може да стојат.

Досега, работеа со 85 отсто од капацитетот, беше забрането гостите да стојат, а меѓу масите имаше конкретно растојание.

За летните тераси на угостителските објекти и кафулињата, мерките остануваат непроменети, односно нема никакви ограничувања за невакцинираните.

Кината, театрите, просторите за концерти што се на затворено, имаат две опции: или да бидат „мешани простори“ и да работат и со невакцинирани, но со 50 отсто од капацитетот, или да бидат „чисти простори“ и целосно исполнети.

За влез потребно е да се покаже соодветен документ за Ковид-19 и документ за лична идентификација, а новите правила се во сила до 25 октомври.

Од грчката полиција и Националната служба за транспарентност, во заедничкото соопштение најавуваат засилени контроли во конкретниот период.

Ќе се фокусираат на проверка на сертификатите за вакцинација/ потврдите за прележан Ковид-19 како и проверки на документите за лична идентификација во затворените простори на угостителските објекти и центрите за забава.

антиковид мерки Грција Епидемиолошка состојба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.