НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу С. Македонија и Обединетото Кралство

0
By Sashko on October 14, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, денеска во Скопје ќе го одржи првиот инаугуративен состанок со кој од македонска страна ќе ко-претседава министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека од име на Обединетото Кралство ќе ко-претседава министерката, Венди Мортон која од вчера е во посета на земјава.

Како што соопшти МНР, Советот се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на нивните севкупни односи.

Исто така, во рамк на Советот, предвидено е министрите Османи и Мортон да потпишат и Деловник за работа, како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Од Британската амбасада, вчера најавија дека во рамките на посетата британската министерка ќе се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за животна средина Насер Нуредини. Тема на разговор на нејзините средби ќе бидат и климатските промени во пресрет на Конференцијата за климатски промени (COP26) која ќе се одржи во Глазгов и клучните реформски процеси со акцент на владеењето на правото, доброто владеење, човековите права.

Обединетото Кралство и Северна Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.

Ова е втора посета на Скопје на британската министерка за Европа и Америка на Северна Македонија, по нејзиното учество на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во 2020 година. 

Бујар Османи Велика Британија Венди Мортон Македонија Совет за партнерство соработка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.