Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Гостивар и Дебар ќе се трча и втор круг

0
By НОВА ТВ Balaban on October 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 18, 2021 12:22

Во двете општини, во кои лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа прогласи победа во првиот круг, кандидатите на коалицијата Алијанса-Алтернатива се многу блиску до неопходното мнозинство, но остануваат под 50% плус еден глас.

Во Гостивар и Дебар, сепак, ќе има и втор круг за избор на градоначалник, покажуваат првичните резултати од Државната изборна комисија (ДИК).

Иако лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа прогласи победа уште во првиот круг, кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, сепак не освоиле мнозинство од гласовите на граѓаните коишто вчера излегле на избирачките места, па извесно е дека и во Гостивар и во Дебар, ќе има гласање и во вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 31 октомври.

Според првичните и неофицијални резултати на ДИК, во Гостивар гласале 31. 524 граѓани, од кои Таравари освоил 15. 724 односно 49,88 отсто, а за кандидатот на ДУИ, Невзет Бејта, гласале 13. 190 гостиварци или 41,84 отсто. Бејта брои за 2. 534 гласови помалку од Таравари.

Трет е кандидатот на Беса, Фадил Зендели, кој освоил 909 гласа, а за Рената Елези од ДПА гласале 333 граѓани. Во оваа општина биле избројани и 1. 368 неважечки ливчиња.

По пребројани сите 8 046 гласови во Дебар, неофицијалните резултати велат дека кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Поцеста, освоил 3. 998 или 49,69 отсто од гласовите. Додека актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ, Хекуран Дука, освоил 285 гласа помалку, односно 3. 713, што е 46,15 отсто.

Кандидатот на ДПА во Дебар, Петрит Клења, кој е трет, освоил 37 гласови.

(Извор: ДИК)

втор круг Гостивар Дебар Избор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.