НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДС, НСДП, ВМРО-НП, СДВ со поддршка за СДСМ: Повикуваме во вториот круг да гласате за кандидатите од коалицијата предводена од СДСМ

0
By Mirjana on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ќе продолжиме заедно да ја носиме државата напред, коалициските партии со поддршка за СДСМ, само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа, а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните, се наведува во речиси сите соопштенија од партиите кои се дел од Владината коалиција во обид да ги демантираат шпекулациите, како што велат, дека ја напуштаат власта.
-Демократскиот сојуз, како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека ќе продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред.  Демократскиот сојуз ги повикува своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ, се наведува во соопштението од ДС на Павле Трајанов.
Од Демократскиот сојуз на Власите велат дека остануваат во коалицијата зашто препознаваат вредности со кои Македонија продолжува напред кон демократскиот и европскиот пат.
-По последните шпекулации околу стабилноста на Владината коалиција кои се само обиди за замајување на јавноста, Ве известуваме дека нашата коалиција е стабилна, Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. За само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања. Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина, се наведува во соопштението од ДСВ.
Партијата НСДП, предводена од Тито Петковски, останува дел од владејачката коалиција и по локалните избори, соопштија од партиската прес-служба.
-Резултатите од првиот круг на локалните избори, поддршката од граѓаните што ја добивме како коалиција, создава дополнителна обврска да продолжиме напред, да ја почитуваме нивната изразена волја, да ја развиваме локалната демократија и ги штитиме државните интереси. НСДП е цврста и единствена во одлуката за останување во владејачкото мнозинство и продолжување по политичкиот пат кој води кон прогрес на државата, за активно партиципирање во креирањето и спроведувањето на национални и локални политики кои се во функција на интересот на сите граѓани“, велат од НСДП на Петковски.
– Во пресрет на локалните избори, партијата реши да настапи во рамки на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, а за вториот круг, кој треба да се одржи на 31 октомври, од НСДП ги повикуваат граѓаните да гласаат за коалицијата бидејќи тоа, според нив, е најдобрата понуда како за општините така и за државата и стратегиските определби за евроинтеграцијата.

ВМРО-Народна партија останува на своите заложби за континуиран напредок во развојот на демократското општество и стабилен животен стандард како и растот и развојот на македонската економија, а притоа водејќи се од интересот на граѓаните и нивната желба за интеграција во Европското семејство, процес кој оваа Владина коалиција го интензивира заедно со нас како дел од мнозинството упатуваме целосна поддршка на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ во вториот круг од локалните избори кои што ќе се одржат на 31 октомври 2021 година.

Со слични објави се произнесоа и партиите СДУ и Партија за економски промени 21. 
ВТОР КРУГ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ДС дсв НСДП поддршка СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.