НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган протерува десет амбасадори, меѓу кои на САД, Германија и Франција

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 СВЕТ
Фото: EPA/SEDAT SUNA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека му наложил на Министерството за надворешни работи да прогласи 10 амбасадори за „персона нон грата“, вклучително и оние од САД, Германија и Франција, поради нивниот повик за ослободување на турскиот филантроп Осман Кавала.

Во понеделникот, амбасадите на десет земји објавија сооштенија на социјалните медиуми, во кои побараа ослободување на Кавала, велејќи дека тековниот процес против него и неговото апсење фрла сенка врз демократијата и владеењето на правото во Турција.

Амбасадорите на САД, Германија, Данска, Финска, Франција, Холандија, Шведска, Канада, Норвешка и Нов Зеланд, во вторникот беа повикани да дадат објаснување во турското Министерство за надворешни работи. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го оцени како „недозволив“ нивниот повик за поддршка на Кавала.

– Му дадов налог на нашиот министер за надворешни работи. Побарав да ги прогласи овие 10 амбасадори за персона нон грата што е можно поскоро, истакна Ердоган во градот Ескишехир.

Осман Кавала првично беше уапсен во врска со протестите за паркот Гези во 2013 година, но подоцна обвиненијата против него беа проширени за шпионажа и обид за соборување на владата за време на неуспешниот државен удар во 2016 година. Тој се наоѓа в затвор без пресуда, иако неговото ослободување беше донесено со одлука на Европскиот суд за човекови права во декември 2019 година.

амбасадори Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.