НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За намалување на сообраќајниот метеж: Мерката пар-непар од денеска на сила за центарот на Атина

0
By Sashko on October 25, 2021 РЕГИОН
Фото: livingingreece.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По пауза од речиси две години, од утрово во центарот на Атина се вратија сообраќајните ограничувања со повторно воведување на мерката пар-непар за возилата со цел да се намали метежот низ улиците, јави дописничката на МИА од Атина.

Возилата со регистарски таблички што завршуваат со парни броеви можат да влезат во конкретно дефинираното централното градско подрачје, само во парни денови од месецот, додека оние што завршуваат со непарни броеви можат само во непарни денови.

Исклучок од мерката има за електричните, хибридните и возилата на природен гас, за ЕУРО 6 автомобилите кои испуштаат под 120 грама на километар јаглерод диоксид, за автомобилите на државните служби, како и на странските дипломатски мисии во Грција, за автомобилите со странски регистарски таблички, за постојаните жители на центарот на Атина, како и за претставници на медиуите, политичките партии итн, но со ограничен број.

Мерката стапи во сила денеска, а ќе важи до 22 јули 2022 година, од понеделник до четврток од 7 до 20 часот и во петок од 7 до 15 часот, додека пак за прекршување, предвидена е казна од 100 евра.

Откако во Грција се укинаа речиси сите рестрикции воведени поради пандемијата, центарот на Атина се соочи со огромен сообраќаен метеж, веројатно поради тоа што граѓаните одбраа да користат автомобили за да го избегнат јавниот превоз.

Атина Грција мерка Метеж пар-непар регион сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.