Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенечкиот министер за здравство предупредува: Последен момент да го спречиме сценариото од Бергамо

0
By Sashko on October 28, 2021 РЕГИОН
Фото: dailysabah.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 28, 2021 09:19

Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката Влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови.

Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина ќе треба да го прават два пати неделно наместо еднаш како што беше случај досега. Дополнително, од понеделник се воведуваат почести редовни задолжителни тестирања во здравствените и социјалните установи, а маски ќе треба да носат и вакцинираните, доколку се во директен контакт со други лица.

Епидемиолошката слика е лоша, се движиме кон најлошата состојба во епидемијата досега. Доколку ситуацијата не се промени и ако бројот на лица хоспитализирани на интензивна нега поради ковид-19 се зголеми на 160 до 180 (во моментов 133), тоа би значело можно затворање на делови од општествениот живот, изјави министерот за здравство, Јанез Поклукар.

Поклукар предупредува дека со тренд од 3.000 или 4.000 на нови случаи дневно, ова е последен момент за „да се спречи Бергамо и колапс на здравствениот систем“, пренесува Хина.

Шефицата на владиниот експертски тим за ковид-19, Матеја Логар, изјави дека е можно како последна мерка да се овозможи работа и слободно движење само за оние кои се вакцинирани против ковид-19 или кои оздравеле и имаат имунитет и воведување на онлајн часови или задолжително тестирање за сите ученици и студенти.

Поради тешката состојба и приливот на нови пациенти, најавено е дека ќе бидат отворени уште две болници за пациенти со ковид-19, па од следната недела ќе ги има 15.

Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек најави остри мерки против оние кои не ги почитуваат епидемиолошките правила, откако во последните 24 часа беа потврдени над 3.100 новозаразени лица со ковид-19, што е втора по големина бројка годинава.

Сопствениците на локали ќе треба да ги контролираат ковид-пропусниците на посетителите, а доколку одбијат да ги покажат или да се идентификуваат, да им се забрани влезот, во спротивно тие се одговорни.

Доколку е потребно, ќе ги затвориме во согласност со законот оние локали што не ги контролираат посетителите, рече Почивалшек.

Според него, Владата повеќе не смее да ги игнорира високите бројки кои покажуваат дека епидемијата е во пораст.

Доста е со изговори, ако не престанеме, следи целосно затворање, рече Почивалшек.

Во словенечките болници во моментот има 526 пациенти со коронавирус од кои 133 на одделенијата за интензивна нега, а за 24 часа имало девет смртни случаи како последица на компликации од ковид-19, соопшти претходно Министерството за здравство.

Во Словенија од септември на работа можат да одат само лицата кои имаат потврда дека се вакцинирани или прележале коронавирус, а ковид пропусниците се бараат и во јавниот превоз, за влез во трговските центри и слично. Само 53 отсто од населението во земјата е вакцинирано против ковид-19.

Ковид-19 регион Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.