НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забава и бројни изненадувања за посетителите: Денеска се отвора најголемиот ТЦ во земјава „Ист Гејт Мол“

0
By Sashko on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: balfin.al
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„East Gate Mall“, најголемиот трговски центар во земјава, ќе биде отворен денеска. Нуди широк избор на 220 локални и интернационални брендови, а комплексот располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и кино сали.

Обезбеден е паркинг простор за околу 2.000 возила и ќе биде единствен мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови. Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем, на само пет минути од центарот на Скопје.

Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2.500 работни места, пред сè, во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

„Fashion Group“, која е дел од 200-те брендови што ќе бидат застапени во трговскиот центар, по повод отворањето најавува богата програма со изненадувања за посетителите.

Fashion Group со точна утврдена агенда и протоколи, има изненадувања за секој посетител, почнувајќи од 10 часот за децата во OKAIDI во присуство на Црвениот Крст на Град Скопје и нивните штитеници, 10:30 часот во PARFOIS, брендот SPRINGFIELD од 11:00 часот, TIMBERLAND во 11:30 часот, со музичка забава Fashion & Friends од 12 часот, Mango во 12:30 часот и Dan JOHN во 13:30 часот, информираат од оваа групација.

И останатите брендови, по повод отворањето на нивните продажни места во трговскиот центар, најавуваат низа попусти и забавни содржини за посетителите. Трговскиот центар е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“ кој предвидува и изградба на резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна бруто изградена површина од над 500.000 м2.

„Skopje East Gate“ е дел од приватната инвестициска групација „Балфин“ која од основањето во 1993 година е активна на полето на недвижности, малопродажба, минерална индустрија, туризам, земјоделство, енергетика, услуги и инвестиции. Вкупната инвестиција се проценува на околу 103 милиони евра, а за изградба на трговскиот центар лани беше потпишан договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра со домашни и странски банки. Ова е втор проект на оваа групација по изградбата на Скопје сити мол кој во 2015 година го продаде на британската компанија Hystead Limited.

„Ист Гејт“ Македонија Отворање Скопје ТЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.