НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заздравува втората по големина европска економија: Францускиот БДП порасна за три отсто во третиот квартал

0
By Sashko on October 29, 2021 ЕКОНОМИЈА
Фото: discoverwalks.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бруто домашниот производ на Франција порасна за три отсто во третиот квартал од 2021 година и ги надмина пазарните прогнози, благодарение на силната приватна потрошувачка и експанзијата на извозот, покажуваат прелиминарните податоци на Националната статистичка служба INSEE објавени денеска.

Во истражување, 24 аналитичари предвидоа раст на втората по големина европска економија од 2,1 отсто.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер за радио „Франс Инфо“ изјави дека ова е „исклучителен резултат“ кој покажува дека економијата се движи во вистинската насока. Според соопштението на INSEE, растот во третиот квартал значи дека француската економија е блиску до достигнување на нивоата пред избувнувањето на пандемијата со ковид-19.

Аналитичарите во инвестициската банка ИНГ го опишаа растот на БДП во третиот квартал како „одлична вест“, но предупредија дека тој може да биде максимум оваа и следната година, бидејќи глобалната економија се бори со инфлаторни притисоци и проблеми со синџирот на снабдување. Како што напишаа во анализата, нивото на раст во третиот квартал е веројатно највисокото што ќе го видиме во Франција во 2021 и 2022 година. Врвот е достигнат и отсега економскиот раст ќе почне да забавува.

INSEE прогнозира дека БДП на Франција ќе порасне за 6,25 проценти во 2021 година.

БДП економија раст Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.