Грција ги потврди првите случаи на сојот Делта+ што се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина.
Од 384 потврдени случаи за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на Делта+, што воедно се и први потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Делта+ сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се потврдени и во Данска, во Германија, во САД, во Израел и во Русија. Кипар во понеделникот пријави дека и на островот се потврдени првите два случаи на заразени со овој сој. Во светот, Делта+ сојот го има во триесетина земји.