НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БЕСА, Алијанса и Алтернатива на тест: Дали ќе поддржат укинување на Охридскиот рамковен договор

0
By Sashko on November 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По дваесет години од потпишувањето на договорот со кој се стави крај на внатрешниот воен конфликт и меѓуетничките тензии во државата, дел од албанските партии како БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива решија да седнат на една маса со поткопувачите на Охридскиот рамковен договор. Овој договор, со кој етничките заедници во земјава уживаат поголеми права, но и се обезбеди мир, од партијата Левица најавуваат дека ќе го укинат.

Укинување на Охридскиот рамковен договор како извор на консоцијалниот (сегрегирачки) етничко-трибалистички карактер на политичкиот систем на Македонија и враќање на чисто мнозинскиот карактер, со практикување на демократијата како стандард за современите демократски заедници, се вели во дел од програмата на Левица.

Токму овој договор се најде и во уредбата на американскиот претседател Џо Бајден, каде се наведува дека секој што ќе работи на негово минирање ја поткопува регионалната стабилност и ќе се најде на црната листа на САД. Сепак, заедно со Димитар Апасиев од Левица од каде најавија негово укинување, на една маса седнаа и Аријанит Хоџа од БЕСА, Африм Гаши од Алтернатива, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, но и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Охридскиот рамковен договор беше заокружен со Законот за употреба на јазиците, а со неговото имплементирање значително се унапредија јазичните права на Албанците, но и покрај тоа БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива најдоа заеднички јазик со оние кои тврдат дека овие права ќе ги поништат.

Поништување на двојазичноста, како резултат на октроираната т.н. Тиранска платформа и враќање на јазичните права на малцинствата во рамки на Уставот, гласи дел од програмата на Левица.

Засега нема никаква реакција од албанските политички партии од новото парламентарно мнозинство во кое членува и Апасиев како ќе постапат при евентуална иницијатива на Левица за поништување на јазичните права, но и онаа за правичната застапеност, преку која голем број етнички Албанци се дел од државната и јавната администрација.

„Укинување на „правичната застапеност“ и позитивната дискриминација по етничка основа и нејзина замена со позитивна дискриминација по социјална основа“, е уште едно од дадените ветување на Левица пред своите гласачи.

АА/А Беса Левица Македонија Охридски рамковен договор тест укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.