Во Србија, во последните 24 часа, се регистрирани нови 4.348 случаи на ковид-19 и 67 починати лица. Земјата, од почетокот на пандемијата, пријави 1.181.373 заболени лица и 10.472 смртни случаи.
На болничко лекување во Србија моментнно се наоѓаат 6.661 пациент од кои 270 на респиратор.
Поради зголемените бројки на ковид-19, српските власти од денеска ги заоструваат мерките за борба против коронавирусот. Па така, ковид сертификатите ќе важат од 20 часот за престој во угостителски објекти и обложувалници, додека децата, со одлука на Крузниот штаб, ќе бидат на распуст од 8 до 12 ноември.