Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 6.449 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни случаи во земјата изнесува вкупно 39.846. За тој период се пријавени и нови 53 починати лица или 13 помалку од вчера рекордните 66.
Од активните носители на коронавирусот, 2.086 пациенти се наоѓаат во болница од кои 251 се приклучени на респиратор.
Од 25 февруари во 2020 година кога беше забележан првиот случај на зараза во Хрватска, досега во земјата се регистрирани вкупно 528.286 заразени со ковид-19, починаа 9.774 и оздравеа 478.666.