Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин побара од СЗО побрзо да признаваат нови вакцини,зашто се закануваат нови соеви на коронавирусот

0
By Mirjana on November 12, 2021 ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 12, 2021 18:08

Светската здравствена организација би можела да го забрза признавањето на новите вакцини против Ковид 19, реагира рускиот претседател Владимир Путин.

„Во азиско-пацифичкиот регион и воопшто во светот, сè уште има бројни социо-економски и други проблеми за кои веќе зборувавте, а корона вирусот е далеку од поразен. Не е исклучена појавата на нови и уште поопасни видови на таа инфекција“, рече Путин, говорејќи на онлајн самитот на форумот „Азиско-пацифичка соработка“.

Истовремено, тој повика на взаемно признавање на вакцините и сертификатите за вакцинација против коронавирус во светот што е можно поскоро, потсетувајќи дека Русија таа иницијатива ја претстави на неодамна одржаниот самит на Г20.

„Сигурен сум дека колку побрзо тоа се направи, толку полесно ќе биде целосно обновување на глобалниот бизнис, туризмот и другите активности.

„Нашата земја ќе продолжи да им помага на сите земји на кои им е потребна со испорака на вакцини, лекови, опрема, тестови, опрема за лична заштита“, прецизира Путин.

Во таа насока, рускиот лидер истакна дека Светската здравствена организација може да ги забрза процедурите за проценка на квалитетот и безбедноста на вакцините против коронавирусот, што ќе придонесе за меѓусебно признавање на сертификатите, притоа нагласувајќи  дека активностите на СЗО заслужуваат секаква поддршка, а чекорите кои го нарушуваат прерогативот на СЗО се неприфатливи.

ПРИЗНАВАЊЕ НА НОВИ ВАКЦИНИ Путин СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.