Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирил Петков најави нов пристап и подобри односи со Северна Македонија

0
By Sashko on November 15, 2021 РЕГИОН
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 07:45

Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според него, треба да се формираат работни групи од двете земји во кои, како што нагласи, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, од културата и од образованието.

Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за сè што може да ги поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Петков кажа дека не е нормално ако некој сака со авион да стигне во Скопје, да минува низ Виена, ниту пак е нормално да нема железничка врска што ги поврзува двете земји. Според него, не е нормално и бугарскиот бизнис полесно да работи во Австралија отколку во С. Македонија, а истото важи и за македонскиот бизнис.

Треба да почнеме да зборуваме за сите аспекти на добрососедските односи кои можат да имаат корист од тоа, вели Петков.

Тој смета дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно, а не на шест месеци.

Бугарија мора да го брани својот национален интерес, а тие мора да го бранат својот интерес, но под заеднички именител дека двете земји имаат што да добијат од добрососедските односи, рече Петков.

Кирил Петков не одговори на директното прашање на БНТ дали Бугарија треба да го тргне ветото за Северна Македонија на 14 декември, велејќи дека е невозможно да се зборува за конечни резултати без работен процес и додаде дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на Министерството за надворешни работи на Бугарија за повеќе да не се губи време.

Не можеме да кажеме овој или оној датум без да видиме како се одвива овој процес. Сакаме да почнеме со добрососедство, добра волја и се надевам дека со многу конструктивност ќе се најде начин да се постигнат многу подобри резултати од досегашните, изјави Петков.

Тој потврди дека ќе биде кандидат за премиер на Бугарија од името на коалицијата „Продолжуваме со промената“, а Асен Василев е најдобар кандидат за министер за финансии. Петков рече дека „Продолжуваме со промената“ нема да разговара со ДПС и ГЕРБ, туку ќе преговараат за коалиција со „Демократска Бугарија“, БСП и со „Има таков народ“. Идната влада на Бугарија мора да има целосен мандат, смета Петков.

Бугарија избори Кирил Петков Македонија односи регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.