Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влез во објекти само со сертификат за две примени дози на вакцина или со потврда за прележан ковид-19

0
By Sashko on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 08:03

За влез во објектите од денеска e потребен сертификат со примени две дози на вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување. Министерството за здравство (МЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат.

Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, соопштија вчера од МЗ, откако објавија за новите измени за влез во објекти.

Министерот за здравство, Венко Филипче во петокот изјави дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните се сосема доволни, но дека треба да се почитуваат. Носење на маски, одржување на дистанца, често миење на раце и вакцинирање, како што посочи Филипче, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата.

Засега остануваме со истите мерки и апелираме сите да се придржуваат до нив. Доаѓаат семејни слави и апелирам граѓаните и оваа година како и претходните, ако можат да не ги организираат или да ги организираат во помал семеен круг. Сепак такви поголеми собири каде не се почитуваат мерките се ризик за епидемиолошката состојба да се влоши, рече Филипче.

Според вчерашните податоци, регистрирани се нови 285 случаи на ковид-19 од направени 2.667 тестирања. Речиси половина од новите случаи беа во Скопје – 110, по што следуваа Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Починаа пет лица од кои по две од Скопје (72 год. и 91 год.) и од Велес (72 год. и 87 год.) и едно од Берово (79 год.). Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, беа пријавени тројца починати пациенти (двајца од Скопје и еден од Кочани) со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021.
Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.277 заболени. Оздравени се 193.400, а починати 7.328. Бројот на активни случаи е 8.549.
Влез Ковид-19 Македонија објекти сертификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.