Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„ЕУ и ТИ – Заедно можеме“: Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан

0
By Sashko on November 18, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 18, 2021 16:45

Под мотото „ЕУиТИ – Заедно можеме” низ целиот регион на Западен Балкан, започна новата кампања на Европската Унија (ЕУ) која има за цел да ги истакне можностите и приоритетните проекти што ќе се реализираат во регионот, како дел од Економскиот и инвестициски план (ЕИП) на ЕУ.

Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена и дигитална транзиција, поврзаност и раст. Овoј исклучителен вид на поддршка има за цел да му помогне на регионот да зајакне по пандемијата и да отвори можности за иден раст, како и да го доближи Западниот Балкан до ЕУ.

Вклучени се значајни инвестиции за справување со еколошките и климатски предизвици, надградување на дигиталната инфраструктура и максимизирање на потенцијалот за раст на дигиталната економија, одржлива транспортна инфраструктура и овозможување на подобри конекции во самиот регион, но и со ЕУ, премин кон чиста енергија и постепено исфрлање на јагленот, како и поголема употреба на обновливи извори.

„#ЕУиТИ – Заедно можеме” е втора од трите регионални кампањи за подигање на свеста кои се спроведуваат од Европската комисија во период од три години. Развиена е од Регионалната комуникациска програма за Западен Балкан на ЕУ.

Содржи интересен мултимедијален микс, вклучувајќи и инфлуенсери и активисти кои се посветени на работа поврзана со главните теми на кампањата и анимирани видео спотови за секоја од четирите теми. Рекламирањето на ТВ, радио, билборди, веб и социјални мрежи започнува на 15 ноември и ќе трае еден месец.

„ЕУ и ТИ“ ЕУ Западен Балкан инвестиции кампања Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.