Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едмонд Адеми: Во 202З граѓаните на земјите во Отворен Балкан ќе патуваат без гранични контроли

0
By Mirjana on November 20, 2021 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 20, 2021 10:52

Какви промени во квалитетот на секојдневието носи иницијативата Отворен Балкан? Одговри побаравме од советникот за надворешна политика на премиерот и координаторот во Владата на иницијативата Отворен Балкан, Едмонд Адеми

НОВА: За иницијативата Отворен Балкан се слуша многу во медиумите. Сепак што од сето тоа што се случува по состаноците, менува во секојдневието на граѓаните во регионот?

– Отворен Балкан значи дека земјите членки, до овој момент Северна Македонија, Албанија и Србија, отвораат нови можности за своите граѓани. Отворен Балкан значи полесно и побрзо да проаѓаме граници, да расте бројот на поволности и попусти за граѓаните од регионот, трговијата да се зголемува, да создаваме заеднички инвестиции и нови работни места и да си пружиме помош и поддршка едни на други. Наместо конфликти, создаваме соработка, пријателство, братство. Отворен Балкан е регионална ицијатива, која во себе ја има целта да ја унапреди регионална сорботка, на различни нивоа, и со конкретни проекти и политики кои ќе донесат бенефит за граѓаните и за економиите на земјите од регионот. Отворен Балкан како инцијатива во себе ги има четирите слободи на ЕУ.

Видливоста на Отворен Балкан е очигледна, и верувам дека веќе од следната година, ќе се почустуваат бенифициите и придобивките од оваа инивијатива. Впрочем, создавањето нови можности и развој на регионот се примарната цел.

Очекуваме  голем интерес за можноста граѓаните слободно да имаат пристап до пазарот на труд, се разговара и во областа на турзимот, винската индустрија, културата, филмот, спортот, младите. Првите олеснувања кон крајната цел за полесен проток на стоки и добра веќе се во напредна фаза. Минатиот викенд во Ниш експертите од трите земји кои се дел од Отворен Балкан, ги  утврдија конкретните чекори за реализација.

НОВА: Бизнисот има сериозни проблеми со фитосанитарните котроли на границите поради што има голем застој. Дали има напредок на овој план? Кога се очекува да бидат отстранети овие бариери?

– Во овој дел веќе имаме сериозен напредок со веќе постигната согласност за признавање на инспекциските контроли, под услови кои се во согласност со високи критериуми, усогласување на листите од фитосанитарната област, воведуваме 24/7 инспекциски надзор на грниците што значително ќе го намали времето на чекање, нешто кое ќе профункционира уште пред крајот на оваа година. Акредитираните лабаротии ќе бидат истакнати и резултатите ќе бидат прифатени и од другите страни. Во од ќе ги решаваме сите нови прашања кои ќе се отвроат но со воллјата и знаењето на експертите од нашите институции очекувам одличен резултат.

Тоа значи дека земјоделските производи проверени од фито-санитарните инспекции во било која од земјите членки ќе бидат валидни и признаени од сите земји членки. Со ова повеќекратно ќе се намали чекањето на границите за транспортерите на земјоделски производи, а со тоа ќе се заштити и квалитетот и цената на производот.

НОВА: Кога ќе биде активна можноста за вработување од една земја во друга во рамките на инцијативата?

– Во рамкте на иницијативата веќе работиме на наоѓање на моделот за идентификација на граѓаните од Отворен Балкан преку единствен регистарски број што ќе ја отвори и можноста за слободен пристап до пазарот на труд, со иклучок на јавниот сектор. Очекуваме веќе наредната година  да се реализира оваа идеја верувам во успешна соработка и нови можности и искуства.

НОВА: Дали граѓаните од Македонија на пример ќе можат да купуваат недвижен имот во Албанија или Србија како што е во ЕУ?

– Во овој период сме фокусирани на практична имплементација на постоечките иницијативи, но ова за што прашувате е одлична идеја за која верувам дека многу скоро ќе биде разговарана и ставена на маса за анализа.

НОВА: Се разговара ли за некаква варијанта на Шенген принцип и отворени граници за патување без пасошки контроли?

– Да. Тоа веќе беше најавено  уште на средбата во јули во Скопје.  Идејата е да во 202З граѓаните на земјите во Отворен Балкан да патуваат без гранични контроли, односно да се движат исто како  меѓу земјите членки на ЕУ.  Во текот на 2022 година инситуциите ќе работат на усогласување на регулатива по оваа прашање  за да може да се операционализира на почетокот на 2023 година. Ние на ова поле веќе имаме напредок, конкретно, Северна Македонија активираше One Stop Shop премини само со лична карта и со Албанија и со Србија, што значи дека следен чекор е слободно движење на граѓаните, без запирања или No Stop, Just Go.

НОВА: Како ги коментирате полтичките резерви кон оваа иницијатива на Косово, Црна Гора и БиХ?

– Отворен Балкан е отворен за сите. На сите средби кои ги имаа лидерите на Северна Македонија, Албанија, и Србија секогаш, ама баш секогаш, праќаа пораки и покани до лидерите на Косово, Црна Гора и БиХ да се приклучат. Така и ќе продлжи.

Отворен Балкан не e против никого, напротив тоа една дополнителна алатка за поблиска и поинтензивна регионална соработка. Тезите дека е против Берлинскиот процес, или било која друга иницијатива апсолутно не држат.  Значи не е против никого, напротив е за поголема регионална соработка.  Отворен Балкан како инцијатива ја има поддршката на голем дел на земји членки на ЕУ, како и на САД. Верувам дека со тек на време, кога ќе ги видат придобивките, и овие три земји од регионот ќе се приклучат.

Борјан Јовановски

 

 

Едмонд Адеми интервју Нова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.