НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Европа е единствен регион во светот со раст на бројот на нови случаи со ковид-19

0
By Sashko on November 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на случаи на заразени со коронавирус во Европа во минатата недела се зголемил за 11 отсто и стариот континент е единствен регион во светот со пораст на инфекции, тренд што почна од средината на октомври.

СЗО во неделниот извештај за пандемијата објави дека бројот на нови случаи на инфекција и смртни случаи од последиците на коронавирусот ширум светот се зголемил за околу шест проценти. Минатата недела беа пријавени 3,6 милиони нови инфекции и 51.000 смртни случаи.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге предупреди дека доколку не се преземат итни мерки, Европа наскоро би можела да забележи уште 700.000 смртни случаи до пролет.

Европскиот регион останува во канџите на пандемијата на ковид-19, рече Клуге.

Тој ги повика европските земји да ја забрзаат вакцинацијата и да преземат други мерки, како што се задолжително носење маски и физичка дистанца, за да се избегне употребата на последното средство – целосно затворање.

Тој додаде дека над една милијарда дози на вакцини се дистрибуирани низ европскиот регион на СЗО, кој се протега од Централна Азија, и оти стапката на вакцинација е меѓу 10 и 80 проценти.

На глобално ниво, според СЗО, бројот на новозаразени лица се намалил за 11 отсто во Југоисточна Азија во текот на минатата недела, а за девет отсто на Блискиот Исток.

Најголем пад на бројот на починати од коронавирусот (30 отсто) во минатата недела е забележан во Африка.

Во Северна и Јужна Америка бројот на заразени е стабилен, а бројот на починати е зголемен за 19 отсто.

Ковид-19 нови случаи Свет СЗО Трендови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.