НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Итна средба на министрите за здравство од Г7 за Омикрон варијантата на ковид-19

0
By НОВА ТВ Balaban on November 29, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Итна средба на министрите за здравство на седумте најразвиени земји во светот треба да се одржи денеска, пренесуваат медиумите во регионот.

Состанокот го свика Велика Британија која заседава со Г7 и која е меѓу се поголемиот број земји во кои се откриени случаи на новата варијанта на ковид-19, Омикрон, која содржи бројни мутации.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди дека новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека на производителите на вакцини им требаат две до три недели „ да добијат потполна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус“.

– Знаеме дека сега сме во трка со времето, рече Вон дер Лајен.

Таа ги повика производителите на вакцини да ги адаптираат вакцините на новиот сој Омикрон во рок од 100 дена.

Заложбата за адаптација на вакцината е дел од третиот договор со Фајзер, со кој ЕК најави уште 1,8 милијарди дози од вакцината.

Заразата со новиот сој веќе е потврдена во неколку европски земји, a брзото ширење на новиот сој на коронавирусот принуди голем број на држави да ги вратат на сила ограничувањата.

Израел веќе забрани влез за странци, а Мароко, Филипини и Јапонија исто така се решија да ја преземат  оваа мерка.

– Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември. Го правиме овој чекор од претпазливост, за да се спречи најлошото сценарио во Јапонија, изјави Фумио Кишида, премиер на Јапонија.

Властите во Јужна африка пак размислуваат за задолжителна вакцинација против коронавирусот за лицата кои работат на одредени позиции.

– Доколку бројот на заразени продолжи да расте, четвртиот бран може да го очекуваме во следните неколку недели, ако не и порано. Анализираме да ги направиме вакцините задолжителни за работниците, луѓето кои сакаат да одат на јавни настани, јавен превоз и некои други места, изјави Сирил Рамафоса,  претседател на Јужноафриканска Република.

 

 

Г7 Итна министрите за здравство Омикрон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.