Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид: Азески и Пецаков – само за економијата и туризмот

0
By Mirjana on December 1, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 12:58

Денеска во Охрид се оствари средба на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и на градоначалникот на градот Охрид, Кирил Пецаков. На средбата, на која претседателот Азески му го честиташе изборот за нов градоначалник на Охрид и му посака успех во неговата работа, се разговараше и за прашањата поврзани со децентрализацијата, со потенцијалите за заеднички проектни активности во рамките на програмите на ЕУ, како и со Коморскиот инвестициски форум и со другите меѓународни организации. Охрид, како најголем туристички центар, има одлична соработка со Здружението на угостителството и туризмот при СКСМ и затоа ќе се вложат дополнителни напори за продлабочување на соработката во оваа област. Туризмот, во заложбите на Комората, има приоритетно место за добивање статус на извозно-ориентирана дејност, со што конкретно ќе се смени и односот на државата кон гранката која има потенцијал да направи раст.

Во тој контекст, посебно се разговараше за здравствениот, алтернативниот и за спортскиот туризам, кои не можат да достигнат повисоко ниво доколку не дојде до брза реализација на инфраструктурните проекти, како што е завршувањето на изградбата на автопатското решение Кичево – Охрид и на меѓународниот магистрален пат Охрид – албанска граница.

Здравствениот туризам, како гранка со која Охрид можеше да биде горд воседумдесеттите години на минатиот век, со неколку специјализирани болници,сконцентрирани на едно место, е нешто на кое треба да се работи во наредниот период, затоа што тоа, реално, може да придонесе за повеќекратни ефекти, и од здравствен и од економски аспект – заклучија Азески и Пецаков.

Во рамките на постојаните залагања за афирмирање на занаетите и за унапредување на практичните знаења и активности во рамките на средното стручно образование кај нас, претседателот Азески потсети на иницијативата за афирмирање на Длабокорезбарската школа во Охрид, која за градот може да донесе дополнителна економска придобивка, а истовремено да биде и значајна туристичка атракција. На средбата се разговараше и за можностите за привлекување нови странски инвестиции во регионот, како и за одржување на постојните, во насока на поголема економска активност и на поголем број нови вработувања, што е дел и од активностите на Советот на странски инвеститори, кој функционира во рамките на Комората.
По завршувањето на средбата, претседателот Азески, во својство на копретседател на КИФ, отпатува во Тирана, каде што ќе учествува на Меѓународниот саем во Тирана, како најважен саемски настан во Албанија и како еден од  најважните настани од својот вид во Западен Балкан, кој
нуди излагачи од повеќе земји, со просечна посетеност од 20.000 гости од издание. Токму со поддршка од Коморскиот инвестициски форум, на овој саем за првпат се обезбеди заеднички штанд за компании од сиот регион, со делегација која брои 31 компанија од прехранбената индустрија и 6 водечки дистрибутери/синџири на супермаркети од шесте држави на Западен Балкан.

 

азески Охрид Пецаков средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.