Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска во посета на малиот групен дом за лица со попреченост во Капиштец

0
By Sashko on December 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 3, 2021 17:03

Трети декември го одбележуваме како Меѓународен ден на лицата со попреченост, но инклузијата на овие лица во општеството е процес кој трае 365 дена во годината. Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и роднини, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, при посетата на малиот групен дом за лица со попреченост кој се наоѓа во скопската населба Капиштец.

Како што соопшти МТСП, министерката потенцираше дека овие лица најмногу од сè бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата е инклузијата на лицата со попреченост во сите општествени текови. Во таа насока министерката рече дека приоритет е спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација 2018 – 2027 „Тимјаник“.

Во Скопје имаме два мали групни домови во кои се сместени осум корисници, од шест до 18 години, деинституционализирани од Специјалниот завод Демир Капија. Овде во малиот групен дом во Капиштец се сместени четири дечиња за кои се грижат дефектолог и негувателка кои секојдневно им помагаат при јадење, облекување, давање на медицинската терапија, игра. Овие деца се вклучени и во образовниот процес. Во рамки на Специјалниот завод Демир Капија има девет мали групни домови. Од нив три се во Демир Капија и четири во Неготино. Таму се сместени возрасни лица. Во овие станбени единици, кои се финансирани од Министерството за труд и социјална политика, се обезбедува поквалитетен живот за секој корисник, бидејќи секој си има сопствено катче, рече Шахпаска.

Министерката Шахпаска посочи дека со овие групни домови во пракса се спроведува новиот начин на давање на социјалната услуга за лицата со попреченост. Речиси пола од вкупно 480 лица кои на почетокот на 2017 година беа сместени во големите институции, сега се преселени и згрижени во алтернативни форми на згрижување во заедницата, вклучувајќи ги сите деца под 18 годишна возраст. Со Националната стратегија за деинституционализација се предвидува до крајот на 2024 година да нема ниту еден корисник сместен во резиденцијална институција.

Со новиот Закон за социјална заштита на Министерството за труд и социјална политика, како што се наведува, спуштена е границата за лична асистенција од 18 на шестгодишна возраст. Со програмата за развој на ОН, во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица, Министерството ја креираше првата апликација „Аудио читач за слепи лица и лица со оштетен вид“, која им овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија на свој мајчин јазик. Отворени се и 15 нови инклузивни градинки кои им овозможуваат на децата со попреченост да се вклучат во предучилишното образование.

Според податоците на Свeтската здравствена организација, околу 15 проценти од општата популација ја сочинуваат лицата со попреченост,  во нашата земја таа бројка е околу 300 000 граѓани, стои во соопштението.

Јагода Шахпаска лица со попреченост Македонија мали групни домови МТСП посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.