Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фајнанс Тинк“: И во четвртиот квартал неизвесност во економијата поради пандемијата

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 9, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 9, 2021 13:53

Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во најновиот макроекономски извештај. 

„Фајнанс Тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за годинава на 4,1 проценти, а проекцијата за следната година според нив е 4 проценти.

Во извештајот се анализира и растот на БДП од 3 проценти во третиот квартал од годинава. Според „Фајнанс Тинк“, ваквиот раст се должи на консолидацијата на економските текови и напредувањето на имунизацијата, но сепак, како што посочуваат, растот е остварен на се уште ниска споредбена основа од третиот квартал од 2020, во кој економијата се намали за 5,1 процент по владината интервенција за ублажување на ударот од пандемијата.

– Според дејности, растот во третиот квартал од 2021 е на широка основа, но со забележлив пад на преработувачката индустрија (-5.8%), поради изразените неизвесности во глобалната и домашната економија, сврзани со растечкото влијание на делта сојот од Ковид-19 и забавувачкото темпо на имунизација кон крајот од кварталот. Според тоа, и бруто инвестициитесе задржаа на нивото од пред една година (0.4%), додека извозот и увозот забележаа забавен раст (4.1% и 2.7%, соодветно).Јавната потрошувачка порасна за 4.9%, што е особено висок раст во контекст на намерата за фискална консолидација, но е во линија со продлабочувањето на буџетскиот дефицит со јулскиот ребаланс на буџетот (од 4.9% на 6.5% од БДП), се наведува во извештајот. 

Невработеноста во третиот квартал од годинава бележи благо намалување на 15,7 проценти, вработеноста бележи благо зголемување, од 47,3 на 47,4 проценти, што, според  „Фајнанс Тинк“ упатува на тоа дека неизвесноста во економијата го засилила својот притисок врз пазарот на труд споредено со претходните квартали. Во третиот квартал, како што се посочува, евидентно е понатамошното губење работни места во преработувачката индустрија (околу 3.000 во однос на вториот квартал), стагнацијата кај угостителството (ист број работници) и консолидацијата во транспортот (креирани 6.500 работни места) и трговијата (3.800).

економија имунизација Пандемија Фајнанс тинк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.