НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Во интерес на Скопје и Тирана е да одат заедно на патот кон ЕУ

0
By Sashko on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија (ЕУ).

Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки на ЕУ кои што значително ќе влијаат на довербата на самата Унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави најдоцна во јануари да почнат со преговорите, рече Османи во разговор за „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој посочи дека во 2019 година двете земји беа во обратна позиција кога ние требаше да се движиме, а Албанија немаше поддршка од неколку земји членки и тогаш беше прашањето дали да се издвои Северна Македонија. Смета дека во интерес на двете држави е да се држат заедно, бидејќи создаваат синергија и даваат една регионална динамика, една регионална компонента на процесот дека ова не е само демократски процес туку и политички процес.

За тоа дали има француска иницијатива за надминување на спорот со Бугарија, Османи вели дека тоа било извадено од контекст од изјавата на вицепремиерот Артан Груби, но оти во последно време е видлива една француска проактивност во изнаоѓање на решение.

Тоа е добро за регионот и за европската перспектива на регионот, имајќи ја предвид тежината на Франција во ЕУ и навистина тоа го гледавме кога го посетивме претседателот Макрон во Елисејската палата, меѓутоа и низ сите мои средби. Јас го сретнав и францускиот колега Ле Дријан и навистина се гледа една проактивност на Република Франција, а имајќи ја тука предвид и проактивноста на Германија која што е константна  и силна, кога двете најсилни држави на ЕУ покажуваат таква проактивност се разбира дека дава надеж на целиот регион дека сепак овој процес има иднина, рече Османи.

Осврнувајќи се на приоритетите на претстојното француското претседателство со Советот на ЕУ, кои вчера ги претстави претседателот Емануел Макрон, шефот на дипломатијата рече дека сепак е добро што тој го издвоил делот за Западниот Балкан и неговото значење за ЕУ како географски, историски, културолошки, економски дел од Европа, кој еден ден мора да биде дел од Унијата.

Сите што го следат процесот знаат дека ЕУ со регион надвор од неа, ниту може да биде геополитички фактор во светот, ниту стабилна и просперитетна, вели Османи.

Запрашан за тоа дека Бугарија веќе го потврди своето вето за старт на преговорите со одлуката за неменување на позициите во однос на Северна Македонија на декемврискиот Совет за општи работи, Османи рече дека тоа е став на техничката Влада во Софија.

„Во преговорите има и одредени тактички позиционирања со цел да се изгради подобра позиција за секоја од страните. Јас повеќе го сакам пристапот на доверба и отворен и транспарентен разговор отколку на тактички позиционирања. Ние сме сепак најблиски соседи и треба да живееме заедно“, вели Османи.

Албанија Бујар Османи ЕУ Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.