НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков: И ние и С. Македонија има многу да добиеме од добрососедството

0
By Sashko on December 11, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата бугарска Влада, чиј премиер ќе биде Кирил Петков, ќе усогласи заеднички став со коалициските партнери, но прецизира дека од добрососедството многу корист ќе имаат и Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Петков, тоа може и треба да се направи врз основа на заедничко почитување и доверба.

Тоа треба да се направи преку добра комуникација со коалициските партнери, прецизираше Петков и дополни „со многу работа“.

Петков кажа и дека бугарската позиција останува таква каква што е сега, но мора да биде наградена.

Не сакаме, рече Петков, да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, туку мора да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да се увериме дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство. Но, заедно со тоа, идниот бугарски премиер порача дека ќе се бранат бугарските национални интереси.

Во зградата на Народното собрание на Бугарија, идниот премиер пред малку, пред медиумите, го претстави составот на новата бугарска Влада, која ќе биде коалициска и ќе вклучува четири партии и коалиции. Ќе има пет вицепремиери и 17 министри.

Министер за надворешни работи ќе биде Теодора Ганчевска, која е од партијата на Слави Трифонов. Таа во претходните две недоговорени влади на „Има таков народ“, по изборите на 11 јули, беше предложена за министер за одбрана. Досега работеше во администрацијата на бугарскиот претседател како советник.

Бугарија Влада Кирил Петков Македонија регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.