НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сајкоски за Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе донесеме и доктрина за идни делувања на партијата

0
By Sashko on December 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот редовен 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и на енергетиката, изјави денеска пред почетокот на Конгресот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

На Конгресот ќе учествуваат вкупно 517 делегати, а како што рече Сајкоски, доставена е една кандидатура за претседател и тоа од Христијан Мицкоски, кој и досега беше на таа функција.

Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ или доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, на Конгресот ќе биде избран и статутар на Комисија и Комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, рече генералниот секретар на партијата.

Тој посочи дека во партијата се уверени оти од овој Конгрес ќе излезат уште пообединети, уште посилни и ќе донесат нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

Ние гледаме дека изминатиот период државата е во тешка економска, социјална, здравствена но и енергетска криза која што оди на штета на граѓаните, и покрај тоа нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност, ветуваме дека следниот период ќе се бориме да ја направиме Македонија една подобра држава за живеење, додаде Сајкоски.

Како што рече, во самата доктрина првата тема е како да останат граѓаните тука во нашата држава, да работат, да не одат во странство и да ја гледаат својата иднина тука.

„Во доктрината има 16 предвидени теми. Понудени се и нови теми во орбазованието, каде што викаме дека треба сите заеднички да застанеме и да изградиме нешто ново во орбазованието, образованието да биде посебен столб со консензус од сите политички партии во држава, за нешто да смениме, да подобриме бидејќи образованието е основа на сите процеси во државата. Исто така, имаме понудено и нови проекти за енергетиката, но и други теми“, додаде Сајкоски.

ВМРО-ДПМНЕ Доктрина Ѓорѓи Сајкоски Избор Конгрес Македонија претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.