Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора се надева да стане членка на ЕУ за време на овој мандат на ЕК

0
By Sashko on December 13, 2021 РЕГИОН
Фото: aktuelno.me
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 13, 2021 20:33

Црна Гора денеска ја одржа втората меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ) според новата преговарачка методологија на ЕУ. Подгорица се надева на брзо полноправно членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го изјави црногорскиот министер за економија, Јаков Милатовиќ, кој ја предводеше црногорската делегација на денешната меѓувладина конференција со ЕУ. Милатовиќ изјави дека новата е црногорска Влада „е првата навистина проевропска влада“ во оваа земја.

Се надевам дека Црна Гора ќе стане членка на ЕУ уште за време на овој мандат на Европската комисија, рече вечерва во Брисел црногорскиот министер.

Мандатот на сегашната Комисија трае до 2024 година.

На меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Црна Гора денеска главна тема било владеењето на правото. Еврокомесарот за проширување ја пофали владата во Подгорица за нејзината реформска заложба.

Владеење на правото е фокусот кој ќе го одреди целокупниот ритам на преговорите, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји, додавајќи дека оваа област ќе биде приоритет пред да се премине на следната етапа, а тоа е привременото затворање на поглавјата. Денеска, рече Вархеји, дадена и е насока на Црна Гора за оваа цел.

Европската комисија ги повика сите чинители во Црна Гора, власта, парламентот, судството, да ја реализираат заложбата. Сепак ЕУ предупреди дека на Црна Гора и претстои уште работа во поглавјата 23 и 24 посветени на правдата и владеењето на правото.

„Би ги издвоил медиумската слобода и слободата на изразување, има детаљна агенда што треба да се исполни, а има важни точки, и судството за кое ни е потребно законодавство и дела за назначувањата, разбираме дека не е само до владата, дека парламентот треба да даде поддршка, треба владата да стави реформи на маса во целосна согласност со правото на ЕУ“, изјави Вархеји.

ЕК ЕУ Јаков Милатовиќ Меѓувладина конференција регион Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.