НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вицепремиерот Битиќи на настан во организација на МАТТО – Регионалната соработка е есенцијална за побрз и одржлив економски развој на сите земји од Западен Балкан

0
By Mirjana on December 14, 2021 ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унапредувањето на трговските односи помеѓу Турција, Северна Македонија и Косово, подобрување на инфраструктурната поврзаност и можностите за реализација на инвестиции со кои би се подобрила конкурентност на земјите и на регионот на Западен Балкан, беа дел од темите кои се дискутираа на денешниот трилатерален состанок „Придонес за развој на социо-економските односи помеѓу Република Турција, Република Северна Македонија и  Косово“, кој е во заедничка организација на Македонско-турската стопанска комора МАТТО, Косовско-турската стопанска комора КТТО и Здружението на стопанственици и занаетчии „Еснаф“ од Косово.

На настанот учествуваа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за регионален развој на Република Косово, Фикрим Дамка, амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Н.Е. Мехмет Секизкок, претседателот на Македонско-турската стопанска комора Ајдован Адемовски, претставници на здруженијата, ко-организатори на настанот, како и претставници на 50-ина компании, инвестиции со турски капитал во двете земји.

Вицепремиерот Битиќи, во своето воведно излагање, посочи дека регионалната соработка е есенцијална за понатамошниот напредок на економиите и општествата на земјите од регионот, пришто го поздрави ангажманот за организација на овој трилатерален состанок и даде поддршка дијалогот да остане отворен и да се унапредува и понатаму.

“Мене ме радува што и во Турција и во Косово, Република Северна Македонија има традиционално добри трговски партнери. Република Турција е 7-ми по вредност трговски партнер на нашата земја, a Косово е рангиран како 10-ти најдобар трговски партнер. Со оглед на тоа што позади нас имаме две кризни години години, навистина се сигнификантни растот на меѓусебната трговија, извозот и увозот, а тоа значи дека се враќаме на патеките на соработка пред пандемијатa“, нагласи Битиќи и додаде дека цврсто воспоставените релации помеѓу трите земји и покрај пречките од пандемијата не беа прекинати, а многу брзо се обновуваат и враќаат на пред пандемското ниво.

„Пост-ковид периодот е шанса за регионот. Шанса да ја унапредиме уште повеќе нашата соработка, да создадеме регион кој ќе биде конкурентен и атрактивен, а не да создаваме меѓусебна конкуренција помеѓу земјите од Западен Балкан. Ако овие две тешки години на нешто не научија, тоа е важноста на блиската соработка и пријателското излегување пресрет на потребите на другиот, но и важноста на достапноста на материјали, стоки, услуги и луѓе. За мене, „near shoring-от“ е предноста на нашиот регион, развивањето на вредносните ланци е нашиот потенцијал и предноста која ќе не извлече напред, надвор од оваа криза“, додаде вицепремиерот Битиќи.

Косовскиот министер за регионален развој, Фикрим Дамка, рече дека преку оваа средба ќе се зајакнат односите помеѓу претставниците на бизнис заедницата, што е рефлексија на и онака одличните односи помеѓу владите на трите земји.

„Трилатералните трговски односи меѓу нашите земји даваат одличен придонес кон економскиот развој на нашите земји. Ваквите релации ќе дадат придонес во развојот на нашата економска соработка која се заснова на нашите долговековни социо-културни односи. Економии кои до пред две години дискутираа сосема различни теми, во денешницата перципираат и вреднуваат нови ситуации со кои се соочуваме. Пред КОВИД-19 пандемијата, разговаравме за тоа како треба да расте домашната производствена област, а денес разговараме како преку дигитализација да ги пласираме нашите производи на што повеќе пазари“, посочи Дамка.

Тој додаде дека при промоција на можностите за инвестирање во Република Косово, на инвеститорите им се посочува дека со реализација на овие инвестиции добиваат многу повеќе можности, односно добиваат пристап до поширокиот пазар на земјите од Западен Балкан, а се осврна и на плановите на косовската Влада за подобрување на патната и железничката инфраструктура и поквалитетно поврзување со соседните земји.

На состанокот од страна на коморите беа презентирани најзначајните инвестиции од турски компании во изминатиот период, кои се во повеќе сектори, а особено во градежништвото, банкарството, трговијата, производството и во други гранки.

битиќи МАТТО Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.