НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ заклучоци за С. Македонија и за Албанија: Нема формулација „меѓувладина конференција оваа година“

0
By Sashko on December 14, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: sloveniatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) успеаја да постигнат компромис за заклучоците за проширување, но амбицијата за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана не е дел од нив, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иако словенечкото претседателство јавно настапи со надеж дека преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе започнат до крајот на оваа година и тоа беше експлицитно наведено во нацрт заклучоците, по денешните преговори меѓу министрите за европски прашања временската одредница не беше задржана.

Европската комисија и Советот на ЕУ изразија задоволство за компромисот постигнат во делот на проширувањето и го нарекоа „ремек дело на способноста на ЕУ да изгради компромис“, како што изјави потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јоурова.

Сепак, тој компромис повеќе не го вклучува рокот за старт на преговорите  „до крајот на оваа година“.

На прашање на МИА, дали Словенија е разочарана што не ја исполни амбицијата и дали е тоа знак дека новата бугарска Влада не е подготвена за брзо отворање на преговорите со Северна Македонија, словенечкото претседателство изјави дека е задоволно со крајниот компромис.

Она што е важно се заклучоците на Советот, не ги споредуваме со претходните нацрти, некои формулации се тука од пред два месеца и повеќе, но бидејќи преговорите за вакви документи се многу долги, дефинитивно би го оценил денешниот ден како успех, изјави државниот секретар за европски прашања на Словенија, Гашпер Довжан.

Тој натаму нагласи дека ова е „пример за духот на компромис и лојална соработка на земјите членки“.

Она што начелно предвидовме да го постигнеме не беше изводливо оваа година и ова е фактичката причина зашто „оваа година“ не се појавува повеќе во заклучоците, додаде Довжан.

МИА побара објаснување зашто Северна Македонија е третирана различно од сите други држави во овој текст преку употребата на долгото име – Република Северна Македонија, секаде, додека другите се именуваат со нивното кратко име и дали ова претставува нов спор со името на земјата, овојпат наметнат од Бугарија.

Ова е одвоено прашање. За почетокот на преговорите потребна ни е преговарачка рамка. Тоа  е друг процес кој ќе биде започнат, бидејќи имаме нова Влада во Бугарија и многу сме оптимисти дека ќе се тргне по одамна поставениот пат што е можно поскоро, изјави државниот секретар на Словенија.

Во крајните заклучоци е отстранета експлицитната референца што ги поврзува процесот на проширување за Северна Македонија со имплементацијата на Договорот со Бугарија, меѓутоа оваа референца е присутна и во самата преговарачка рамка, како што објаснуваат дипломатите што имале увид во рамката.

Ако Северна Македонија дојде до чекор на усвојување на таа преговарачка рамка, останува прашањето како ќе се води дипломатска битка на тој терен за да не се дозволи процесот на преговори да биде заробен од билатералниот спор помеѓу Скопје и Софија.

Албанија ЕУ Заклучоци Македонија Меѓувладина конференција преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.