Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

0
By НОВА ТВ Balaban on December 17, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 17, 2021 10:37

Најбрзо растечки осигурителен производ и годинава останува приватното здравствено осигурување. Десет осигурителни компании од продажба на вакви полиси инкасирале 35 отсто повеќе од истиот период лани. Продажбата  достигна 300 милиони денари (4,9 мил.евра).

Продажбата на полиси за осигурување имот достигна 30 милиони евра. Во приватно здравствено осигурување се вложени 4,9 милиони евра. Осигурувањето од општа одговорност порасна за 27 отсто, а вложувањата во осигурување од финансиски загуби надмина еден милион евра што е 10 отсто повеќе од лани. Осигурениците за девет месеци склучија 1,13 милиони договори за неживотно осигурување или 277.000 повеќе од лани

Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари (122 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите девет месеци годинава. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 18 отсто (19 мил.евра) во споредба со истиот период во 2020 година. Бројот на склучени договори за осигурување во овој период е зголемен за 32 отсто и надмина 1,13 милиони, покажуваат официјалните податоци Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Значајно зголемен интерес има кај осигурувањето имот, патничкото осигурување, приватното здравствено осигурување, осигурувањето од финансиски загуби, осигурување од општа одговорност и кај задолжителното автомобилска осигурување. Податоците покажуваат дека продажбата на осигурителни продукти од палетата на 18 класи неживотно осигурувања во целост го надмина шокот што лани го предизвика здравствената пандемија на вирусот COVID -19. Резултатот за првите девет месеци годинава е подобар за 12 отсто и во споредба со продажбата на полиси во истиот период 2019 година.

Солиден раст на продажбата има во најголемата доброволна класа – осигурувањето имот. Бројот на склучени договори за осигурување имот надмина 107.000, а нивната вредност надмина 1,85 милијарди денари (30 милиони евра). Тоа е за 22 отсто (5,4 мил.евра) поголема продажба од истиот период лани.

Најбрзо растечки осигурителен производ и годинава останува приватното здравствено осигурување. Десет осигурителни компании од продажба на вакви полиси инкасирале 35 отсто повеќе од истиот период лани. Продажбата достигна 300 милиони денари (4,9 мил.евра). Бројот на договори за приватно здравствено осигурување порасна за 42 отсто, а склучени се над 12.800 договори.

Вложувањата во полиси кои осигуруваат од општа одговорност пораснале за 27 отсто и за првите девет месеци од нив компаниите наплатиле 200,5 милиони денари (3,26 мил.евра). Склучени се 39.000 договори за осигурување што е за 15 отсто подобро од лани.

Осигурувањето од финансиски загуби, иако мала класа во структурата на доброволни осигурувања, годинава книжи раст од 10 отсто на вредноста на продадени полиси која надмина 1 милион евра.

Очекувано, поради олабавување на рестриктивните здравствени мерки, годинава има голем раст на продажба на патничко осигурување. Осигурителните компании за неживот продале 216.000 полиси за патничко осигурување, двојно повеќе од истиот период 2020 година . Од тоа инкасирале 118 милиони денари (1,9 мил.евра) или 92 отсто повеќе од лани.

Задолжителната автомобилска одговорност и понатаму останува класа со најголемо учество во вкупната продажба. За првите девет месеци се склучени 490.000 договори за осигурување, а нивната вредност е 3,68 милијарди денари (59,9 мил.евра). Продажбата на овие полиси е зголемена за 20 отсто во однос на 2020 година.

Агенцијата за супервизија на осигурување АСО осигурителни компании
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.