Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11:49 часот на 65 киломтери југоисточно од Скопје, со епицентар на подрачјето Свети Николе – Штип, соопшти попладнево Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од три степени, а беше почувствуван од населението на Свети Николе, Кочани, Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.