НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комората успеа во барањето за укинување или намалување на царински стапки за 260 суровини и репроматеријали

0
By Sashko on December 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 18 поднесени иницијативи од Стопанската комора до Министерството за финансии од моментот кога министерот Бесими раководи со овој сектор, досега седум се целосно прифатени, девет се во фаза на реализација, а две се одбиени.

Овој резултат е пример дека преку дијалог и дебата врз база на аргументи, анализи и факти, може да се постигне успех односно, Владата да носи решенија во интерес на бизнисот, изјави претседателот на Комората Бранко Азески на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Трајното укинување или намалување на царинските стапки кај околу 260 суровини и репроматеријали кои се користат во производствениот процес кај компаниите кои се претежно извозно ориентирани, а за кои активностите беа иницирани преку Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, ќе овозможи повеќе од 13
милиони евра (што досега се плаќаа на име на царински давачки) да останат во компаниите, во насока на поддршка на нивната извозна конкурентност.

Тоа треба да е пример како треба да се соработува и со другите владини институции и органи, вели Азески, изразувајќи благодарност до министерот за финансии.

Министерот Бесими посочи дека е од исклучителна важност што во комуникацијата и соработката со Стопанската комора предводена од претседателот Азески постои разбирање што сите иницијативи не може веднаш да се решат и најави континуитет на соработката.

Со измените на Законот за царинска тарифа, кои неделава ги донесе Владата, на системски начин, трајно се пристапува кон усогласување на нивото на царинска заштита со актуелните потреби на домашната индустрија. Овие измени значат и хармонизација со царинските стапки кои се применуваат во ЕУ, посочи магистерката Анета Димовска, менаџерка во стручната служба на Комората.

Така, намалените царински стапки ќе влијаат на конкурентноста на компаниите
од преработувачката индустрија, пред сé на компаниите од автомобилската, електро-металната индустрија, металургијата, хемиската, како и на текстилната и кожарската индустрија.

Со предложениот Закон се намалуваат царинските стапки до нивото на оние кои се пропишани во ЕУ за најприоритетните стоки, суровини и репроматеријали кои се користат како компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи, како и за други производи чие производство е условено од набавки од странство.

Димовска посочи дека е укината и царината за увоз на природен гас (наместо постојната царинска стапка од 2 отсто по TJ, предвидено е слободен увоз), со што директно се влијае врз конкурентноста.

На денешната прес-конференција беше промовиран и Договорот за соработка
помеѓу СКСМ и Царинската управа за едукација на економските оператори во
доменот на царинското работење, со што Комората ги потврдува своите заложби во доменот на едукацијата.

Договорот, како што истакна Извршниот директор на Комората, магистер Антони Пешев, предвидува план за обуки за 2022 година кои ќе значат приближување на царинското работење на компаниите, во насока на подобро
разбирање на измените на регулативата, како и воведувањето на дигитализацијата во царинските постапки.

Директорката на царинската управа Славица Кутиров посочи дека овој договор е уште еден во низата на соработка на двете институции и истакна дека Царината ги става на располагање своите стручни кадри за едукација на економските оператори со цел поддршка на извозните активности и процесите кои водат до ефикасност во работата на компаниите.

Македонија намалување Репроматеријали Стопанска комора Суровини укинување Царински стапки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.