Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ: За 8 отсто помалку заразени, а за 38,5 отсто повеќе повторно инфицирани – 36 лица по вторпат добиле корона

0
By НОВА ТВ Balaban on December 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: vaccination-info.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 12:49

Состојбата со ковид-19 во земјата малку стивнува, но се зголемува бројот на оние кои по вторпат се заразиле со вирусот.

– Бројот на пријавени нови позитивни случаи од ковид-19 во минатата недела  изнесува 1.922 од 32 градови во државата, што е намалување од 8,0 отсто во однос на претходната недела, но има за 38,5 отсто повеќе повторно инфицирани со вирусот, вкупно 36 лица, обелоденува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 13. до 19.12. 2021 година.

Тестирани се вкупно 19.943 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,1% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 6,9% до 12,4% или просечно 9,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=960; 49,9%), со неделна инциденца – 151,4/100.000.

Најмногу се заразувале со вирусот во Кавадарци 259,6/100.000. Додека во 7 градови има зголемување на бројот на заболени во последните 14 дена со најзабележително зголемување во Кичево. R0 (репродукцискиот број или потенцијалот за ширење на вирусот) се движи од 0,60 во Гостивар до 1,82 во Виница.

Во 28 градови во државата се забележува намалување на бројот на заболени во последните 14 дена во споредба со претходните, а најзабележително намалување има во Берово.

Според извештајот, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата на возраст над 60 години ( 22,8%), а најмалку заболени има кај децата од 0-9 години. (3,5%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а во овој период повеќе се разболувале лицата од женски пол – 1.015 (52,8%), а 907 има од машки пол (47,2%) .

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.963 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Најмногу од заболените умирале во Струга, Крушево, Крива Паланка и Македонски Брод

Заклучно со 19.12.2021, пријавени се вкупно 221.411 случаи на ковид-19  (I=10.702,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на ковид-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата.

Најголем дел пријавени се во Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга, Крушево, Крива Паланка и Македонски Брод.

(Морталитет е број на починати лица од вкупната популација и се претставува на 100.000 жители. Леталитет е процент на бројот на починати лица од бројот на заразени лица)

Пријавени се 66 смртни случаи во 22 градови во изминатата недела.

Бројот на починати е непроменет во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (19). Во однос на возраста, најголем број (80,3%) од починатите се постари од 60 години, а регистрирани се починати и кај возрасната група од 50-59 години (10), 40-49 години (2) и 30-39 години (1).

(Љ.Б.)

 

Институтот за јавно здравје Ковид-19 состојбата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.