НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годишна мировна порака на Папата Франциск: Наместо за оружје, трошете за образование

0
By Sashko on December 21, 2021 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парите потрошени за вооружување на државите треба да се пренасочат кон образованието, порача денеска папата Франциск во својата годишна мировна порака, осудувајќи ги растечките воени трошоци.

Во својата порака објавена денеска по повод Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква, кој се слави на 1 јануари, папата повика и на подобра рамнотежа меѓу слободната пазарна економија и потребата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош, како и да се заштити животната средина.

Речиси една третина од неговата порака, содржана на четири страници, е посветена на образованието и укажува на „значителното намалување“ на трошоците за образование во светот, додека воените трошоци се зголемија над нивото од периодот по крајот на Студената војна и „веројатно драстично ќе растат“.

Затоа, крајно време е владите да развијат економски политики насочени кон промена на пропорциите на јавните средства потрошени за образование и за оружје, истакна папата во пораката испратена до шефовите на држави и меѓународните организации.

Тој повика на разоружување, забрана за нуклеарно оружје, нагласувајќи дека воените средства, исто така, треба да се пренасочат кон праведна дистрибуција на вакцините против ковид-19 и истражувања за спречување на идни пандемии.

Мир образование оружје Папа Франциск Порака Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.