Европската унија побара од Русија да плати отштета во износ од 290 милијарди евра поради „дискриминација“ на европските производи преку политиката на замена на увозот, се наведува на веб-страницата на Светската трговска организација (СТО).
Според документот, Русија, наводно, потрошила долго време развивајќи мерки кои сега ги ставаат европските компании во неповолна положба кога тргуваат со руски државни компании и други организации. Поточно, се работи за систем за комерцијални набавки, пренесува РИА Новости.
Забележано е дека ЕУ неколку пати го покренала ова прашање во рамките на билатералните контакти и форумите на СТО, но дека не е донесена одлука.
Според податоците на СТО, во 2019 година, трошоците за тендерите за руските државни компании изнесуваат 23,5 трилиони рубљи или околу 290 милијарди евра, што е еквивалентно на околу 20% од рускиот БДП.
Европската унија ја повика Русија да ги укине ограничувањата или да ги усогласи со правилата на СТО, но Москва верува дека мерките се во согласност со нејзините обврски во Светската трговска организација.
Претходно, САД ја критикуваа Русија за нејзината политика на замена на увозот и преференциите за стоки и услуги од домашно производство, нарекувајќи го отстапување од нормите на Светската трговска организација, а најавија и дека преку оваа организација ќе развијат контрамерки.