Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети на предновогодишна средба со новинари: Разликите со Бугарија се приближени

0
By Sashko on December 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 27, 2021 17:47

Државата нема потреба од предвремени избори, но има потреба да ги реши проблемите со кој се соочуваа, изјави денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната предновогодишна средба со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.

Во однос на спорот со Бугарија, Ахмети посочи дека ако сакаме да имаме една стабилна ситуација, одржлива и унапредена во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се решат разликите што ги имаме со бугарската страна во врска со Договорот за добрососедство.

Мислам дека работите се приближени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочуваше Бугарија, со избори, со задоцнувањето на конституирање на новата Влада и Собранието. Мислам дека разликите се приближени. За приближување на разликите нѝ помагаа нашите меѓународни партнери кои се заинтересирани да функционираат мирот, стабилноста и безбедноста во Западниот Балкан и особено во нашата земја. Се надевам дека ова прашање ќе се реши во деновите или месеците што следат, но под услов ниту од нашите, ниту од бугарските власти да не се политизира и да не се вметнуваат емоции затоа што тоа е тема која сама по себе е емотивно прашање, рече Ахмети.

Тој потенцира дека претходно од бугарска страна се потенцираше барањето бугарското малцинство да биде вклучено во Уставот на земјата и дека ова прашање сега е усогласено.

Ние прифаќаме да ја направиме оваа промена и прифаќање на бугарското малцинство, што е право на секој да се изјасни така како што се чувствува. Овој принцип функционирал и ќе функционира и понатаму, додаде Ахмети.

Во однос на јазикот, Ахмети истакна дека конструктивноста на двете држави ќе помогне за решавање на овој спор, потенцирајќи дека е прифатливо решението што е формулирано во Договорот со Бугарија, посочувајќи дека Албанците се солидарни со своите сограѓани Македонци за решавање на овој спор и за надминување на овие разлики, од причина што „не поврзуваат заедничките интереси“.

Нема преговори кои се лесни. Сите процеси поминуваат низ тешки патишта и со разлики меѓу страните, но значајно е што има конструктивен дијалог меѓу страните и добра волја и тоа влева доверба дека во иднина ќе има прифатливо решение. Сметам дека моите сограѓани Македонци како што би ги бранел еден Македонец нивните интереси, исто толку ги браниме и ние, затоа што имаме заедничка цел, а тоа заедничка стабилна држава, иднина и визија нашата земја да биде една напредна и функционална демократија и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО, истакна Ахмети.

На прашањето за почнување на ветинг, Ахмети рече дека тоа не треба да остане само на изјави во медиумите, туку да се спроведуваат конкретни дела и на одговорни функции во политиката, судовите, обвинителствата и полицијата да бидат лица со чиста биографија.

Ние сме разговарале со медиумите, со граѓанското општество, и тоа треба да започне од политиката, судството, полицијата и да не остане само на изјави, туку да работиме конкретно. Да бидеме координирани и хармонизирани за да имаме успех. Во сите напредни земји, како во САД, така и во Европа, има илјадници функционери кои се затворени, додека кај нас политичарите и функционерите се малцинство во затворите, рече Ахмети.

Во однос на европските перспективи на земјата, Ахмети посочи и дека постојат деструктивни сили кои работат против членството во ЕУ, посочувајќи дека тоа се истите сили кои беа и против Охридскиот и Преспанскиот договор и против Договорот со Бугарија, но се испреплетуваат и надворешни фактори, како што се руското и кинеското влијание.

Али Ахмети Бугарија Македонија МАла Речица новинари Предновогодишна средба решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.