Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Горјан Јовановски од ЗХГ: Мора да нападнеме од сите страни за решавање на проблемот со загадување во Скопје

0
By Sashko on December 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 31, 2021 10:00

Воздухот во Скопје во зима е секогаш загаден од истите причини: неконтролирано загадување од индустријата, домаќинства што се греат на несоодветен огрев и голем број на стари автомобили. Секако, секој извор придонесува за различно количество на загадување на воздухот, а поради ладното време, настанува температурна инверзија која не дозволува загадувањето што се создава во градот, да го напушти истиот. Нова ТВ направи интервју на оваа тема со Горјан Јовановски, советник во Советот на Град Скопје, од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) и креатор на апликации „Мој воздух“.

Нова ТВ: Дали пиковите кои се појавуваат деновиве со што избивме повторно избивме на чело на црната листа на загадени градови се случуваат во изминатите четири години?

Јовановски: Да, секако дека пиковите не се ништо ново сега и многу зависат од временските услови што ги имаме. Ако има ветар, дожд или потопли температури, нема да се создаде температурна инверзија и загадувањето ќе може да излезе од скопската котлина. Тоа не значи дека ние треба да се надеваме на добри временски услови, туку да научиме да живееме со драстично помалку загадување.

Нова ТВ: Како го оценувате ангажманот на градската управа на поранешниот градоначалник Шилегов во однос на мерките кои се преземаа за овој проблем? 

Јовановски: Мерките не беа доволни, бидејќи тие се сведуваа најчесто на субвенции на инвертери и тротинети/велосипеди. Субвенциите, кои секако заслужуваат поздравување, се далеку од доволни да се спречи хоророт во Скопје, посебно со големиот број на депонии и индустрија која константно загадува. Ако сакаме да се реши овој проблем, мора да го нападнеме од сите страни.

Нова ТВ: Дали како креатор на апликацијата „Мој воздух“ имате евиденција како се движеше загаденоста на воздухот во изминатите четири години?

Јовановски: „Мој воздух“ ги презема податоците и од државните мерни станици, од волонтерските, како и од универзитетските мрежи. Некои од нив се повисококвалитетни, други се нискобуџетни, но сите се сложуваат дека секоја зима ние имаме голем проблем со загадувањето. Проблемот, за да се направи вистинска споредба на година со година, е дека временските услови влијаат многу на ситуацијата, како и колку од мерните станици работеле, а колку биле расипани. Без континуирани податоци, не може да направиме вистинска споредба. Тоа што знаеме е дека загадување имаше и не беше потребно да се види во апликација за да се заклучи тоа.

Нова ТВ: Сега сте советник во Град Скопје. Кои се вашите приоритети и колку може реално да се постигне во еден мандат?

Јовановски: Може многу да се постигне, макар и со два советника како што сме ние од „Зелен хуман град“. Веќе успеавме во новиот Буџет на Град Скопје за 2022 година да внесеме амандман за поставување на 100 нискобуџетни мерни станици за аерозагадување, кои ќе го следат загадувањето во реално време и ќе може веднаш да прецизираме од каде тоа потекнува. Во исто време, преку тој амандман, обезбедивме 15 рачни мерачи за инспекторите да може да мерат загадување на терен. Обезбедивме и 1,6 милиони денари за првата компостара на био отпад во Скопје, што ако го следи примерот на Пробиштип, каде веќе има две вакви, ќе може да се намали отпадот во депониите и до 60 отсто. Голем број други предлози се поднесени до градските власти од страна на ЗХГ, вкупно 33, и истите очекуваме со наредниот ребаланс на Буџетот, некаде во март, да бидат внесени и извршени.

Нова ТВ: Кои се мерките на кои ќе инсистирате како движење и дали има изгледи тие да бидат прифатени со оглед на односот на силите во Советот?

Јовановски: Ова се одговори во рамки на претходното прашање.

Нова ТВ: Каква е вашата оценка за ангажманот на актуелната градска управа во однос на проблемот со загаденоста на воздухот?

Јовановски: Чистењето на депонии е за поздрав и мора да продолжи, но стари мерки како бесплатен автобуски превоз не помагаат, посебно кога знаеме дека ПМ10 честичките најчесто не доаѓаат од автомобили, а и граѓаните за жал повторно го преферираат комфорот на нивните возила наместо јавниот превоз. Како ЗХГ, тука сме да соработуваме со сите, да помогнеме да се реши овој и други горливи проблеми на градот. Затоа веќе поднесовме 33 предлози преку нашиот граѓански буџетски форум, предлози кои ќе помогнат на сите нас во Скопје и ќе го направат, конечно, еден зелен и хуман град за живеење.

воздух Горјан Јовановски Загадување ЗХГ интервју Македонија Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.