Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески: Буџетот на Обвинителството е зголемен за околу 14 отсто, имаме недостиг од електро-инженери и техничари

0
By Sashko on January 3, 2022 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 3, 2022 08:01

Буџетот на Обвинителството за оваа година е зголемен за околу 14 отсто, истакна државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за МИА. Тој нагласи дека во минатата година биле вработени 60 јавно-обвинителски службеници од кои најголем дел стручни соработници, а сега, како што вели, за оваа година Обвинителство има објавено оглас за 72 стручно административни работници.

Состојбите на овој план се подобруваат, не само заради заложбата на Обвинителството, туку и заради разбирањето и на извршната и на законодавната власт во земјата, за потребите на Обвинителството и за алиминтирање на неговите потреби за да може да биде поефикасно во извршување на својата функција, истакнува Јовески во интервјуто. 

На прашањето како ја оценува состојбата од аспект што Поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеење на правото и фундаменталните права и практично се првите кои ги оценува ЕУ во однос на нашата земја, Јовески вели дека е неспорно оти на целиот правосуден систем на државата му се неопходни реформи. 

Но, кога зборувам од аспект на Обвинителството, морам да кажам дека во последниот извештај на ЕУ се бележи напредок во делот на борбата на организираниот, на тешкиот криминал. Исто така, се нотирааат и определени задачи и за Обвинителството и за државата во делот на спроведување на Стратегијата за правосудни реформи, а Обвинителството има донесено, така да речам, темелни акти во делот на стратегијата за човечки ресурси по која постапува, исто така Законот за Јавно обвинителство по кој се донесени подзаконските акти, а уште се работи и на систематизација на Обвинителството, истакна Јовески.

Според него, не е занемарлив ниту податокот дека Обвинителството треба да посвети повеќе внимание на информатичката технологија и управувањето со предметите.

Ние постојано преземаме дејствија во рамки на нашите надлежности за подобрување на состојбите во Обвинителството. Во тој контекст сакам да нагласам дека дел од застарената информатичка опрема е обновена со наши средства и со средства од ИПА фондовите. Пред нас претстои и сериозен предизвик од надоградба или измена, целосна измена на системот за управување со јавно-обвинителските предмети, потоа за неопходноста од едукација на вработените и јавните обвинители во делот на користењето на оваа технологија, рече државниот јавен обвинител.

Тој укажа оти има недостиг од електро-инженери и техничари, кои се неопходни за успешно извршување на тој дел од работите на Обвинителството.

„Само да илустрирам дека во ова Обвинителство се вработени двајца електро-инженери, а додека од четирите апелациски подрачја вработени се тројца електро-инженери коишто се надлежни за цело подрачје на Јавното обвинителство. Во неколку наврати сме објавувале конкурси за прием на информатичари, но очигледно дека нема интерес кај луѓето со оваа професија за извршување на работите во Јавното обвинителство. Ќе мора околу тој дел и државата и Јавното обвинителство во натамошниот период да посвети сериозно внимание за да може навистина да имаме подобри резултати и да се вклучиме во европските процеси“, рече Јовески.

буџет Електро-инженери Љубомир Јовески Македонија обвинителство Техничари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.