НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ноле до понеделник во карантин во Австралија, спречена итна депортација

0
By НОВА ТВ Balaban on January 6, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
Фото: eurosport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На тенисерот не му е дозволен влез во земјата, бидејќи, според австралиската гранична служба, направил грешка при аплицирањето за виза и таа не ги исполнува условите за влез во државата. Тој во моментов се наоѓа во хотелот „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата.

Дали српскиот тенисер  Новак Ѓоковиќ ќе може да влезе во Австралија и да учествува на првиот Грен слем оваа сезона ќе се знае в понеделник, кога судот во Викторија ќе ја донесе конечната одлука и тоа во 10 часот по локално време, а околу полноќ по средноевропско.

Министерката за внатрешни работи, Керен Ендрјуз нема да се противи на привремената забрана за депортација, а Ѓоковиќ пресудата би требало да ја дознае во Австралија, каде сето време треба да биде во карантин.

Ѓоковиќ се најде пред Федералниот суд во Австралија откако неговиот тим на адвокати поднесоа жалба на одлуката да му се забрани влез во оваа држава.

На тенисерот не му е дозволен влез во земјата, бидејќи, според австралиската гранична служба, направил грешка при аплицирањето за виза и таа не ги исполнува условите за влез во државата.

Членот на тимот на Ѓоковиќ, кој беше задолжен за документацијата, направил грешка и го избра типот на виза што не може да се добие со медицинско ослободување од вакцинација против Ковид-19. Поради тоа, на Ѓоковиќ му била откажана визата.

Србинот во моментов се наоѓа во хотелот „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата.

Пред хотелот се собраа навивачи и му порачаа дека не е сам во оваа борба.

Српскиот тенисер завчера полета кон Австралија со надеж дека ќе добие дозвола за влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран. Тој се повика на медицинска потврда за ослободување од вакцинација, но очигледно тоа не му помогна да игра на Грен слемот во Мелбурн.

Австралија да влезе Новак Ѓоковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.